Копленд: Во Бакс поради Џејсон Кид

„Врската“ помеши Џејсон Кид и крис Копленд продолжува и понатаму. Но сега на друго место, во екипата на милвоки Бакс.

Затоа што ова лето Џејсон Кид одлучи работењето како прв тренер во Бруклин Нетс да го продолжи во Милвоки Бакс, но и поради неговата желба во истата насока од Њујорк кон Милвоки да тргне и Крис Копленд.

Играчот кој пред крајот на ланската сезона беше во центарот на вниманието, односно скандалот по кој за малку и смртно ќе настрадаше, откако беше нападнат и избоден со нож во една дискотека во Њујорк.

Некогашното крило на Индијана, потоа и на Њујорк вели дека сите лоши работи ги оставил зад себе.

„Фокусиран сум само на сезоната која е пред нас. Навистина сум воодушевен што сезоната ќе ја дочекаам подготвен. Што се случи, се случи, и сега одам само напред да играм за Џејсон Кид, и да играм со моите тимски колеги“ - вели Копленд, кој призна дека во овој период кој е зад него имал понуди од неколку други клубови од НБА, но пред една недела беше претставен како играч на Милвоки Бакс.



Дури и кога добил понуда вредна само 1.1 милион долари за една сезона не бил воопшто „загрижен“.

Другарството на Копленд со Кид датира уште од сезоната 2012/13 која беше финална на Кид како активен игра во НБА лигата.

„Џејсон Кид беше топ причина што доаѓам во Милвоки. Благословен сум што ќе играм за него, и порано во Њујорк, а и сега во Милвоки. Научив многу од него зад сцената. А кога ме викна, кај мене немаше никаква дилема каде да одам понатаму“ - дополни овој 31. годишен кошаркар, кој лани на 50 среди за Индијана и Њујорк имаше просек од 6.2 поени за 16.6 минути поминати во игра.

Не сака да се навраќа на она што се случуваше на 8. април, кога во раните утрински часови беше прободен со нож, по што мораше да оди и на операција на лактот на левата рака, но и стомакот, поради што не ги доигра последните две седмици од сезоната.

„Тие работи се едно искуство во мојот живот, и ме тераат да одам напред. Навистина ја ценам шансата да бидам играч во НБА, на прво место. Тоа нема да се промени ниту по таа случка. Ќе бидам истиот“.

И во Милвоки се надеваат дека Копленд ќе ја потврди репутацијата на одличен шутер од далечина, кој на 147. средби во НБА засега има сосема задоволувачки 37.3% од таа позиција.

Освен Копленд, на почетокот на седмицата Бакс го промовираа и Маркус Лендри со кого како што објавија, потпишаа негарантиран договор.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Студенка по медицина полага
испит.
-Колешке,во тестисите на
мажите колкаво количество спер-
ма има?
По кратко размислување.
-Паа,голтка -голтка ипол!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на бабите, празник...
1472.- Роден е италијанскиот сликар Бартоломео...
1483.- Во Урбино е роден Рафаело Санти,...
1749.- Во Бомон ан Ож е роден Пјер Симон Лаплас,...