Кириленко: Кошарката во Русија да биде во секоја куќа

По повеќе од една деценија престој во НБА и во Америка воопшто, поранешниот олстар е подготвен за новиот предизвик во кариерата, веројатно и најголемото спасување кошарка во неговата родна Русија.

Кириленко кој му помогне на рускиот состав да дојде до олимписка бронза во 2012 година, смета дека „зборнаја команда“ не е доволно конкурентна за да повтори еден таков успех. Кириленко вели дека националниот тим е во опасност да не се квалификува за Олимпијадата следната година во Бразил.

И што е уште полошо, кошарката повеќе не е меѓу водечките спортови во Русија.



Кириленко мисли дека може да помогне да се сменат работите.

„А пред неколку години, кошарката беше четврти дури и трет најпопуларен спорт во Русија. А во моментов мислам дека сега е на седмото место, или нешто слично“, смета популарниот „Калашњиков“.

„Јас сакам кошарката да биде популарна, и да биде во секоја куќа во нашата земја''.

Кириленко влезе во играчка пензија во јуни, откако ја доигра сезоната како играч на московска ЦСКА. И не крие дека е подготвен да преземе некоја одговорна функција во својата родна земја, дури и да биде нов претседател на Руската кошаркарска федерација.

Во последно време организација која стана позната по скандали. Последната дојде со суспензијата што им ја изрече ФИБА, со забрана за настапи на големите натпреварувања. Одлука што сè уште е на сила, но важи само за функционерите, не и за националните тимови. Но, Кириленко се соочува со отпор од страна на некои членови на „старата гарда“ од руската федерација. А се соочи и со критики од оние луѓе што го обвинија за тоа дека поседува американски пасош, кој го доби во 2011 година, од страна на Јута.

„Луѓето што зборуваат за тоа сакаат да бидат пребирливи. Сакаат да се најде нешто што не се вклопува во еден добар профил. Јас сум роден во Русија, во целиот мој живот јас сум бил Русин и ќе умрам како Русин, тоа треба да го знаат''.

Досега Кириленко е единствениот кандидат за изборите во вторник. Ако биде избран, Кириленко вети дека ќе ја промени руската кошарка.

'Тие работат на одреден начин што јас го нарекувам старомоден“, вели еден од најдобрите руски кошаркари во изминатите две децении, кој сака да го искористи својот профил на позната личност да привлече спонзори, се донесе во современи техники за управување. А во исто време и да се привлечат многу повеќе млади сили во еден долгорочен проект за обнова на Русија.

„Во моментов, ние имаме 2-30 луѓе за националниот тим. Но јас сакам таа бројка да биде многу поголема. Сакам тоа да биде 300, па да имаме привилегија на избор“, вели Кириленко кој во исто време очекува изборите да бидат пред сè регуларни. Пред сè затоа што на претходните претседателски избори, оние во 2013 година, крајната одлука беше поништена од страна на руските судови. И тоа по двегодишна кампања на кандидатот кој истите и ги загуби. Станува збор за поранешен играч на ВНБА-лигата, Светлана Aбросимова, која останала вчудовидена од нивниот исход, и самиот начин како се одвивале изборите, кои подоцна биле поништени, а со тоа и изборот на противкандидат Јулија Аникеева.

Судот донел одлука дека гласањето беше спроведено неправедно. Аникеевa ја загубила функцијата, заедно со други високи функционери, и било побарано ново гласање, кое треба да се случи денеска.

Сите што ја сакаат кошарката, не само во Русија, се надеваат дека тоа ќе биде Андреј Кириленко.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...