НБА го развлекува финалето

Раководството на НБА лигата додаде неколку дена во распоредот на големото финале, па сега во 2016 година, помеѓу секој меч во серијата кога ќе има патување, ќе има два слободни дена. Идејата на комесарот Адам Силвер е играчите да добијат нешто повеќе одмор. Според предвидениот редослед, финалето во 2016 година ќе почне на 2 јуни, и ќе заврши најдоцна на 19 јуни.

Од минатата сезона во финалето се врати форматот 2-2-1-1-1, откако во претходните 30 години се играше 2-3-2 со цел да нема толку многу патување од западната до источната страна од САД и обратно.



Со новиот календар, за еден ден се поместуваат третиот и петтиот меч. Годинава екипите имаа само еден слободен ден кога се селеа во другиот град по вториот меч од финалната серија, и повторно играа во првата ноќ по пристигнувањето. Финалето можеше да трае најмногу 14 дена со стариот формат 2-3-2, а во минатата сезона од првиот до потенцијално седмиот меч имаше 15 дена.

Во 2016, финалето стартува на 2 јуни, а наредните средби се закажани за 5 јуни, 8 јуни, 10 јуни, 13 јуни (ако има потреба), 16 јуни (ако има потреба) и 19 јуни (ако има потреба).

Истотака, во НБА мислат и на поголема заштита на играчите и во регуларната сезона. Намален е бројот на мечеви кои екипите ќе ги играат два дена по ред, или четири дуели за пет дена.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Студенка по медицина полага
испит.
-Колешке,во тестисите на
мажите колкаво количество спер-
ма има?
По кратко размислување.
-Паа,голтка -голтка ипол!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на бабите, празник...
1472.- Роден е италијанскиот сликар Бартоломео...
1483.- Во Урбино е роден Рафаело Санти,...
1749.- Во Бомон ан Ож е роден Пјер Симон Лаплас,...