Коби до крај во Лејкерс

Коби Брајант не е сигурен дека по завршувањето на оваа сезона ќе стави крај на својата играчка кариера, но испрати порака дека нема намера да го напушти Лос Анџелес лејкерс. „Многу кошаркари кои се при крај на кариерата сакаат да одат во посилни тимови за да се борат за титула, но јас не сум таков. Јас сум Лејкер и во добро и во зло и таков ќе останам до крај“ - порача Брајант од Хонолулу на Хаваите каде тимот е на подготовки.

Претседателот на Њујорк никс, Фил Џексон, кој како тренер на Коби и Лејкерс освои неколку титули, неодамна рече дека мисли оти Брајант ќе потпише за друг клуб, откако ќе му истече договорот со „езерџиите“ во летото 2016.



„Мислам ова нема да му биде последна сезона во кариерата, но ми се чини дека ќе му биде последна како член на Лејкерс“ - рече Џексон.

Брајант има 37 години и влегува во својата 20-та сезона како играч, а годишната плата ќе му биде 23,5 милиони долари. Затоа тој сакаше да му одговори и на Џексон и на сите други кои сметаат оти ќе си замине.

„Колку пати треба да кажам дека јас сум Лејкер во срцето. Во мене тече виолетово-златна крв“ - тврди Коби, кој сака да ги продолжи стапките на славните Меџик Џонсон, Џери Вест и Џејмс Ворти кои целата кариера играа само за Лејкерс.

Најголем проблем за Коби се повредите. Во минатата сезона пропушти 47 меча, во сезоната 2013/2014 играше на само шест средби, а сезоната 2012/2013 му е последна во која играл повеќе од пола сезона. Последниот официјален меч што го одигра е на 21 јануари кога го повреди рамото, па беше опериран, и оттогаш нема играно кошарка „пет на пет“ со контакт со противник.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...