Антиќ на пат за САД

Македонскиот интернационалец Перо Антиќ беше магнет за фоторепортерите и новинарите кои присуствуваа на медија денот на Фенербахче кој го организира Евролигата.

Иако турскиот тим донесе 7-8 нови играчи, според фотографиите објавени на клупскиот сајт, доминираат Антиќ и Луиџи Датоме кои во минатата сезона настапуваа во НБА лигата.

Во изјавите кои ги даде Перо на медија денот, изјави дека екипата во претстојната сезона ќе атакува на сите трофеи, и оти привилегија е да се игра за тренер како Жељко Обрадовиќ.

Сега на тимот на Фенербахче му следува предизвик од гостување во Америка. Клубот веќе четврта сезона по ред игра против НБА тимови, но сега првпат гостува во САД. На 5 октомври в понеделник, Фенер ќе се сретне со Бруклин нетс. Четири дена подоцна, на 9 октомври, една од најсилните европски екипи ќе гостува кај Оклахома Сити тандер за кој настапува Кевин Дурант, играч за кој Антиќ во едно интервју рече дека е подобар од Леброн Џејмс.

Како последна контрола пред заминувањето на турнејата, Фенербахче играше со екс клубот на Антиќ, Локомотив Кубан, и го совлада со 86:69. Перо не беше во составот поради повреда, а истата судбина ја имаше и Боби Диксон, но тие двајца би требало да настапат против НБА ривалите



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...