МЗТ Скопје казнет во „Пионир“

МЗТ Скопје испушти голема шана да дојде до нова победа во АБА-лигата. Избраниците на Алеш Пипан на дуелот со Партизан направија голем број на почетнички грешки кои на крајот беа казнети од младиот состав на српскиот тим, кој славеше со 72:69.

Во првото полувреме кошаркарите на МЗТ Скопје имаа одлична реализација, од линијата за слободни фрлања имаа 10/10, додека од линијата за три поени имаа 7/10. Македонскиот тим на стартот играше променливо се до 18. минута (36:38) направија серија од 11-2 за прво двоцифрено водство од 38:49 на полувремето.

Во 25. минута „штрковите“ имаа позитива од 13 поени (41:54), но Партизан успеа да ги казни грешките на македонскиот тим, намали на пет поени 49:54. Серијата на домашниот тим ја прекина Буниќ кој со четири поени во серија зголеми на 49:58. Македонскиот репрезентативец во редовите на српскиот тим, Андреј Магдевски најпрво со тројка, а потоа со украдена топка го врати своите во игра (53:58).

На почеток на последната четвртина, МЗТ Скопје играше без Љубичиќ (на момент изгледаше дека ја обнови повредата, но се врати), што пак максимално го искористија кошаркарите на Партизан. Синадиновиќ воопшто не се снајде на плејмејкерската позиција, токму поради неговите грешки противникот дојде на 63:66.

Токму Љубичиќ зголеми на 63:68, но Цветковиќ на другата страна погоди тројка за 66:68, по што Љубичиќ доби техничка лична грешка за глумење на фаул во нападот. Со слободните фрлања на Ѓумиќ, Партизан го врати водството од првата четвртина 69:68. Луковиќ израмни на 69:69, на другата Врабац погоди едно слободно фрлање за 70:69 на 30 секунди до крајот. Неискусниот Младеновски ја загуби топката, некогашниот плејмејкер на скопскиот тим Цветковиќ ги постави крајните 72:69 за Партизан.

Стојановски со 14 поени и Буниќ со 13 поени беа најефикасни кај МЗТ, на другата страна Маринковиќ имаше 16 поени, додека Цветкович 15. Магдевски запиша само два поени.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
На испит на Медицински факултет, професорот ја прашува студентката.
- Колку сперматозоиди има во тестисите на машки полов орган?
По кратко размислување...
- Пааа отприлика...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на културното наследство
1828.- Во Бордо умре Франциско Хосе де Гоја,...
1844.- Во Париз е роден Жак Анатол Франс Тибо,...
1859.- Умре францускиот историчар и политичар...