ФИБА ја стави Македонија на 34. место во светот и 13. во Европа

Македонската сениорска репрезентација е поставена на 13. позиција во рангирањето кое по завршувањето на Евробаскетот и другите регионални шампионати ширум светот го направи светската кошаркарска федерација.

Учеството на Европското првенство, кое за нас почна и заврши во групата „Ц“ во Загреб, од ФИБА е карактеризирано со еден освоен бод во пласманот. Или вкупно 27. во рејтингот, доволни за 13. позиција во европската класификација, или, пак, 34. на светско ниво.

Тоа индиректно значи и поместување за две места подолу во однос на претходното броење на бодовите од страна на ФИБА.

Место кое, сепак, нè става пред селекции како Италија, Израел. Летонија, кои имаа далеку подобро издание од нас на Евробаскетот кој за прв пат се играше во четири различни земји.

Според новиот поредок на ФИБА, новиот европски првак, Шпанија, е недостижна за конкуренцијата.

„Црвената фурија“ има дури 715 поени, што е многу повеќе во одмос на Литванија (457), која направи скок од една позиција, но и од Франција, која е трета со 379 бодови, и Србија која се приближи кон самиот европски врв, со 353.

Гледано во светски рамки, Шпанија и Литванија се двете селекции кои им се доближија на неприкосновените Американци кои водат со точно 1.000 поени.

Помеѓу двете европски сили се наоѓа Аргентина (455). А во ТОП 5 се и „триколорите“, додека европската доминација ја прикажуваат и Србија, Русија, Турција и Грција кои се во првата „десеторка“.

Онаа во која како деветтопласиран се најде Бразил, домаќинот на следниот голем кошаркарски настан, Олимпијадата.

СЛИКА: МАКЕДОНИАЈ ГРУПА

За една победа во Загреб, добивме само еден поен од ФИБА

СВЕТСКИ РЕЈТИНГ

1. САД 1.000

2. Шпанија 715

3. Литванија 457

4. Аргентина 455

5. Франција 379

6. Србија 353

7. Русија 305

8. Турција 281

9. Бразил 273

10. Грција 225

-------------------------

34. МАКЕДОНИЈА 27



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...