Оклахома и Дурант го чекаат Антиќ

Турскиот гигант Фенербахче, чиј член е македонскиот крилен центар Перо Антиќ, вечерва гостува кај НБА тимот Оклахома Сити тандер во егзибициски меч. Тоа ќе биде прв меч против една НБА екипа за Антиќ по заминувањето од Атланта хоукс. Противникот не е било кој, туку „громовите“ од Оклахома кои сега се комплетни по враќањето на нивната прва ѕвезда Кевин Дурант. Дурант нема играно пред своја публика уште од февруари, па сигурно ќе биде мотивиран да прикаже добра игра.



Фенербахче славеше над Бруклин нетс на првиот меч од американската турнеја (Антиќ не играше поради недоволно залечена повреда, но најавите се дека вечерва ќе добие одредена минутажа), а сега ќе има потешка задача. Тандер завчера гостуваше кај Минесота тимбервулфс.

По осуммесечна пауза и три операции на стапалото, се врати Дурант, кој за 22 минути имаше 15 поени и четири асистенции.

„Се чувствувам добро. Беше малку поразлично, малку сум излегол надвор од таа рутина пред мечот. Но, кога стапнав на терен, се чувствував супер, како да сум дома на своја територија“ - рече Дурант, кој немаше играно од 19 февруари и ги пропушти последните 28 меча во минатата сезона, и тешко му беше да гледа како Тандер првпат по пет години не влезе во плејофот.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...