Кинезите ги гледаа Клиперс и Хорнетс

Шарлот хорнетс го победи ЛА Клиперс со 106:94 во контролен дуел одигран во кинескиот град Шенџен. Коди Зелер и Џереми Лин со по 16 беа предводници на „стршените“, кои во своите редови имаа седум играчи со двоцифрен број поени. Кај Клиперс го немаше главниот плејмејкер Крис Пол кој во саботата на тренинг се здоби со фрактура на показалецот на левата рака.

Хорнетс во претсезоната има 3-0, а на трибините во салата во Шенџен седеше и сопственикот на клубот, Мајкл Џордан. Инаку, публиката во овој град во јужниот дел на Кина за првпат имаше можност да гледа меч на две НБА екипи.

Клиперс и Шарлот меѓусебе ќе одиграат уште еден пријателски меч на кинеска територија, и тоа вечерва во „Мерцедес Бенз арената“ во Шангај.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...