Евролигашки предизвик за МЗТ

Македонскиот првак МЗТ Скопје Аеродром не знае за пораз на свој терен сезонава, а неговата серија ќе биде ставена на тежок тест вечерва бидејќи во „Јане Сандански“ гостува Црвена Звезда, најдобриот и најскап тим на просторите на земјите кои имаат свои екипи во АБА лигата.

По поразот од Крка, во МЗТ посакуваат да одиграат далеку подобро, а посебна мотивација и не им треба. Самото тоа што ќе играат со евролигаш ќе ги натера кошаркарите да одиграат максимално и без притисок оти мора по секоја цена да победат.



„Ни доаѓа евролигашки тим со одличен тренер. Не треба премногу да се зборува за квалитетот кој го поседува Црвена Звезда. Ние ќе играме без оптоварување, ќе пробаме да се прикажаме во многу подобро светло отколку на претходната средба со Крка. Мораме да одиграме исклучително квалитетно во одбраната, и да им парираме во скок играта. Сакаме да направиме што помалку грешки бидејќи досега тие грешки навистина скапо нé чинеа. Очекувам тежок меч, меѓутоа играме на домашен терен и ќе сториме сé за да направиме добар резултат и да прикажеме добра игра“ - најавува тренерот Алеш Пипан.

Марко Симоновски поради повреда нема да настапи, а во негово отсуство капитен е неговиот репрезентативен колега Дамјан Стојановски.

„Секако дека ни претстои тежок натпревар. Црвена Звезда е актуелен првак на АБА лигата и учесник во Евролигата. Добро се покриени на сите позиции, играат навистина цврсто во одбраната. Нам ни преостанува да го дадеме својот максимум, само така би постигнале позитивен резултат“ - вели Стојановски.

Судии на натпреварот ќе бидат Словенците Пукл и Петек, како и Босанецот Зураповиќ.

На шесте меѓусебни дуели помеѓу овие два тима во АБА лигата македонскиот шампион има само една победа. Звезда традиционално е најнезгоден ривал, тоа е клуб против кој МЗТ и пред 30-тина години во првата југословенска лига немаше победа на четири меча. Единствената радост МЗТ ја имаше во сезоната 2013/2014 во спортскиот центар „Борис Трајковски“.

Капитенот на белградските „црвено-бели“, Бранко Лазиќ, очекува тежок меч во Скопје, но и победа на неговиот тим, без разлика што во петокот се истрошија на евролигашката пресметка со Фенербахче.



„Ќе ни биде тешко бидејќи по сите проблеми кои ги имаме, потрошеноста на играчите е голема и ќе се зголемува. Без оглед на напорниот дуел во петокот, амбициите ни се исти, а тоа е победа во Скопје која ќе нé врати на првото место на табелата бидејќи Будуќност загуби во саботата. Наша крајна цел е да бидеме први во АБА. МЗТ е добро составена и вкомпонирана екипа. Сигурно ќе бидат мотивирани да нé победат, им доаѓа Црвена Звезда и тоа е мотив за нив и нивните навивачи“ - смета Лазиќ.

Екипата на Звезда во нашиот главен град дојде во саботата доцна вечерта, а вчера тренираа во спортскиот центар „Јане Сандански“. Во Скопје остануваат до вторник, а потоа в среда заминуваат за Минхен каде имаат дуел со Баерн во Евролигата. На листата на повредени им се Немања Дангубиќ и Лука Митровиќ.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Студенка по медицина полага
испит.
-Колешке,во тестисите на
мажите колкаво количество спер-
ма има?
По кратко размислување.
-Паа,голтка -голтка ипол!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на бабите, празник...
1472.- Роден е италијанскиот сликар Бартоломео...
1483.- Во Урбино е роден Рафаело Санти,...
1749.- Во Бомон ан Ож е роден Пјер Симон Лаплас,...