Звезда остана да „свети“ над небото на „Јане Сандански“

Имаа силна желба кошаркарите од Аеродром да ја „симнат“ европската Црвена Звезда, но не успеаа во тој нивни обид. За првпат во оваа сезона се поразени пред својата публика, која за првпат по (по)долго време дојде „во живо“ да ги види оние за кои навива(ше) макар и преку ТВ, или „стрим“ преносите.

И мораше да признаат дека во овој миг Црвена Звезда е посилен кошаркарски колектив од нивниот. Екипа која дури и кога не игра екстра квалитетно, знае да победува, што беше видено и во овие 40 минути.



По „техничката“ на Алеш Пипан, и трите реализирани слободни фрлања на Милер, Црвена Звезда за првпат побегна на двоцифрена позитива (35:25), минута 16.

А Американецот беше креатор на играта во нападот на гостите од Белград, набрзина „врза“ девет поени (претходно и две тројки).

МЗТ некако се загуби во нападот. Премногу грешеа организаторите особено Протиќ (четири пати), па и Љубичиќ (со три загубени топки), што беше видливо и во играта во тој вториот период, пред сè.

Затоа што за нецели седум минути „сино-белите“ реализираа исто толку поени, по оние нерешени 20:20 на истекот на првата четвртина.

Но, на крајот на втората, фаворитот ја задржа контролата, и над играта, и над резултатот (40:29). освен во периодот од 7. до 10. минута, кога по сигурното водство (16:7), МЗТ Скопје со серија 13-2 се врати во мечот. Поведе со 20:18, потоа и со 21:20, што беше и последното за домаќинот во првото полувреме во кое неговата главна одлика беа загубените топки - девет, ниските 29% во шутот за три поени, и само Дреновац, расположен за поентирање (даде 13 од вкупно 29 поени).

„Црвено-белите“ постојано имаа по некој расположен играч. Во уводот на вториот дел „се појави“ Јовиќ, кој донесе најголем плус за шампионот на АБА лигата (48:35). Пипан проба да го прекине тоа со минута одмор. Но, без брз ефект, затоа што серијата продолжи и на 8-0 ги доведе гостите на плус 15 (50:35). Сепак, МЗТ не се предаде, напротив. Со еден „рибрејк“ од (10-2), се врати уште еднаш, во 29. минута на достижни 45:52.



Тоа не беше сè од „металците“, затоа што Љубичиќ ја даде четвртата тројка, и со помош на Буниќ, го симна МЗТ на минус од само четири поени (50:54). Но, со својот 12. поен (исто колку и Милер), Јовиќ го одби овој напад на домашната екипа, за 50:58, во која Дреновац остана „закочен“, а Протиќ на „нулата“.

А тоа за така искусен, евролигашки тим каков што имаат белграѓани во овој момент е доволно за да се победи во полниот „Јане Сандански“.

Момент кој, многу веројатно, за МЗТ Скопје во овој момент е поважен од поразот од новиот ко-лидер и актуелен шампион на Јадранот.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...