Голден стејт брка рекорди

На Голден стејт не му беше лесно на дуелот со Торонто иако иако актуелниот првак на полувремето водеше со 16 поени разлика. Гостите од Канада имаа негатива од 18 поени, но дојдоа и на минус еден и ја имаа топката во свои раце. Но, на Кајл Лори му беше досуден фаул во напад, и Стеф Кари со две слободни фрлања ја најави победата на неговиот тим. На овој дуел, Вориорс носеа жолти ретро дресови на кои пишуваше „Д Сити“, првпат по осум ипол години. Вориорс има 12-0, и ова е најдобар старт на сезона за еден тим по 2002/2003 кога Далас маверикс почна со 14 победи по ред. НБА рекордот е 15-0, а го држат Вашингтон капитолс од 1948 и Хјустон рокетс од 1993 година. Торонто почна со 5-0, но оттогаш има само две победи на седум средби.

Кристапс Порзингис дочека неговото име да биде скандирано во една од најлегендарните сали на светот, „Медисон сквер гарден“, а пред само неколку месеци, поточно во јуни, фановите на Њујорк никс плачеа и негодуваа кога клубот го избра 20-годишниот Летонец како четврти пик на драфтот. Порзингис на мечот со Шарлот уфрли 29 поени, што му е личен рекорд, а собра и 11 скока. Тој пред неколку дена задоцни за дел од секунда за да му донесе победа на Никс над Хорнетс, па овој пат многу порано сакаше да ја заврши работата и да се увери дека тимот ќе триумфира.

Детроит го совлада Кливленд, а во иднина, веројатно, тимовите ќе претстанат често да прават намерни фаули над Андре Драмонд. На помалку од три минути до крајот и негатива на Пистонс од четири разлика, Кавалирс намерно го удрија Драмонд, кој е слаб од линијата за слободни, но тој ги погоди двата пенала и му даде додатен импулс на својот тим да направи пресврт. Нешто подоцна, Кливленд ја повтори тактиката, а Драмонд погоди едно од двете слободни за водство на Детроит од 98-97. „Клиповите“ имаат шест победи, очигледен напредок во однос на минатата сезона кога шестиот триумф го имаа дури на Божик. Кај гостите, Леброн Џејмс даде 30 поени, но само седум во второто полувреме. Тој го надмина Џери Вест на 19. место на вечната листа на стрелци во НБА.

Проблемите со повредите на Њу Орлеанс како да немаат крај. Сега на листата се придодаде и Ентони Дејвис, кој рано го заврши мечот со Денвер поради повреда на левото рамо. Кај Нагетс најрасположен беше Италијанецот Данило Галинари со 32 поени, негов сезонски рекорд, а Џејмир Нелсон сите свои 16 поени ги даде во последните 14 минути. Пеликанс има 1-10.

Минесота во последната четвртина доминираше над Мајами, и тоа им беше доволно за триумф над тимот во кој Хасан Вајтсајд стана седмиот играч во историјата на лигата кој имал трипл-дабл (22 поени, 14 скока и 10 блокади) со двоцифрен број блокади. Интересно е што Тимбервулфс дома има 0-5, а на гости 5-1. Само Филаделфија е полош домаќин, но само Голден стејт е поопасен гостин од Минесота. Кевин Гарнет, кој е постар од двајца судии во НБА, по 66-ти пат во кариерата играше против Мајами, и петти е на таа листа.

Тадеус Јанг со две погодени слободни фрлања на 1,4 секунди до крајот, му донесе победа на Бруклин над Атланта. За Нетс ова е само втора радост сезонава. Вашингтон беше убедлив против Милвоки, а за Визардс ова беше прва победа сезонава со над 10 поени разлика.

СЛИКА - СТЕФ КАРИ

Уште четири победи и НБА рекорд – Стеф Кари



РЕЗУЛТАТИ:

Голден стејт – Торонто 115:110

Детроит – Кливленд 104:99

Мајами – Минесота 91:103

Бруклин – Атланта 90:88

Њујорк – Шарлот 102:94

Њу Орлеанс – Денвер 98:115

Вашингтон – Милвоки 115:86



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Седат Буш и Пауел во кафич и прават муабет. Влегува човек во кафичот, ги гледа двајцава и не му се верува дека се таму. И приоѓа на маса и ги прашува:
- Абе, вие Буш и Пауел...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1533.- Роден е холандскиот државник Вилхелм I...
1731.- Умре англискиот писател Даниел Дефо, кој...
1815.- Роден е англискиот писател Ентони Тролоп...
1854.- Врховниот суд на САД донесе пресуда дека...