Со крпен тим и традицијата на своја страна

Пресметката со Задар вечерва во „Јане Сандански“ е добра шанса за МЗТ Скопје Аеродром да ја прекине серијата од три порази по ред во регионалната АБА лига. Не дека задраните се слаби туку затоа што традицијата е на страна на македонскиот првак. Задар никогаш не победил во Скопје, и фановите на МЗТ не би имале ништо против таа традиција да продолжи и понатаму, и „сино-белите“ да се вратат кон средината на табелата.

Тренерот Алеш Пипан секогаш има мотиви да го совлада својот екс клуб во кој немаше успех. Но, словенечкиот стручњак има проблеми околу составување на екипата. Марко Симоновски подолго време е во аут и сигурно нема да игра ниту вечерва, а неизвесен е настапот на Данило Мијатовиќ и Љубомир Младеновски. Српскиот крилен центар се повреди на мечот со Карпош Соколи и не е целосно закрепнат, додека македонскиот репрезентативен центар има стомачен вирус. За очекување е двајцата да бидат во составот, но прашање е колку може да помогнат.



„Нé очекува тежок меч против Задар, и наша желба е да ја прекинеме серијата порази во АБА лигата. Противникот е една добра, компактна и искусна екипа, играат навистина добро на последните неколку натпревари. Што се однесува до нас, имаме многу проблеми со повредите, и со скратената ротација на играчите. Не знам дали Мијатовиќ и Младеновски ќе играат. Но, нема да се жалиме, сакаме да оствариме победа и тоа секогаш е наш императив пред секој натпревар, посебно на домашен терен. Мора да играме максимално сконцентрирано на двата краја од теренот, со агресивна одбрана и контрола на скокот. Доколку одиграме онака како што ќе се договориме, мислам дека и покрај проблемите кои ги имаме, ќе можеме да се надеваме на позитивен резултат, а за нас позитивен резултат е само победа“ - најавува Пипан.

Во редовите на Задар знаат дека против себе ја имаат традицијата и тим кој е мобилизиран и мотивиран да прекине низа порази, па тренерот Анте Назор е претпазлив во прогнозите.

„Вистина е дека од гостувањата во Скопје немаме добри искуства. Во претходните мечеви со нив не изгледавме добро, се надевам оти тоа ќе се промени. Ни треба верба во добра игра бидејќи на гости не играме добро како дома. Сето она што ја краси нашата игра дома би сакал да го презентираме и во Скопје. Очекувам со агресивност и правилен пристап да наметнеме свој ритам. Ако ја запреме опасната надворешна линија на домаќинот, сметам дека ќе имаме изгледи да дојдеме до победа“ - вели Назор.

Член на Задар е Иван Маринковиќ кој во минатата сезона го носеше дресот на МЗТ. Задар има 5-5, па со триумф, македонскиот првак ќе се израмни со нив.

„Скопје секогаш е незгоден терен за гостување. Од времето кога јас играв таму, екипата е многу изменета. Мислам дека уште не се доволно воиграни и тоа е наша шанса да дојдеме до триумф. Мотивацијата е на високо ниво, одвај го чекаме почетокот“ - вели Маринковиќ.



Лидери на Задар се Анте Делаш, кој во минатото коло беше МВП и на него ќе мора да се обрати големо внимание, исто како и на плејмејкерот Глен Коузи.

Судиската тројка е од Србија (Белошевиќ, Јурас и Глишиќ), а влезниците се со цена од 100 денари за трибините и 200 за ВИП секциите.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...