МЗТ Скопје Аеродром поразен на домашен терен од Задар

Македонскиот кошаркарски првак МЗТ Скопје Аеродром ја продолжи серијата порази во АБА лигата откако загуби на домашен терен од Задар со 72:60 (08:21; 27:07; 17:18 и 20:14). Ова за нашиот првак е вкупно седми пораз (четири има во серија) на досега одиграните 11 натпревари. За Задар ова беше петти триумф на последните шест натпревари.

Избраниците на тренерот Алеш Пипан добро го почнаа натпреварот и по 4:4 направија серија од 15:0 за водство од 19:4. Сепак добрата игра на „металците“ траеше само во првата четвртина и гостите од Задар вториот период го добија со 20 разлика и на полувремето имаа предност 35:28.

Во финишот на третиот период МЗТ Скопје поведе во неколку наварти, но сепак гостите имаа контрола над резултатот и натпреварот го завршија со двоцифрена разлика.

Кај МЗТ Скопје најефикасни беа Ѓорѓе Дреновац и Дамјан Стојановски со по 15 поени, а најпрецизен на дуелот беше Американецот Глен Коузи со 19 поени.

На вториот натпревар одигран вчера Цедевита победи на гостувањето кај Металац со 81:79.

Табела: Будуќност 9-2 (победи-порази), Цедевита 8-3, Мега Лекс 8-3, Црвена Звзезда 7-3, Задар 6-5, Крка 6-5, Игокеа 5-6, Олимпија 4-7, МЗТ Скопје 4-7, Цибона 4-7, Партизан 4-7, Тајфун 4-7, Металац 4-7, Сутјеска 3-7.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...