Пипан: Состав според финансиските можности

МЗТ Скопје Аеродром е во црна серија од четири порази по ред во АБА лигата, нешто што во минатата сезона значеше смена на тренер или бркање на некој играч, а сега управата има многу поголемо трпение, но до кога? Потребата од доведување на нов играч или играчи е очигледна, но сето тоа зависи од финансиските можности на клубот кои не се толку големи како што мислат многумина.

Тренерот Алеш Пипан засега не се чувствува загрозен, смета дека освен поразот од Задар, другите не биле неочекувани, а како и секој тренер, посакува да има на располагање поквалитетен играчки кадар.

„Јас би сакал да донесеме не еден, туку и четворица нови кошаркари, па со 12 квалитетни играчи тимот да игра како што сакам јас, пред сé во одбраната. Реалноста е друга, финансиските можности на клубот се такви какви што се, и се надевам дека ќе почнеме да победуваме и во АБА“ - рече Пипан на прес-конференцијата по завршувањето на мечот со Задар.



„Металците“ имаат солиден состав и често добиваат куртоазни пофалби дека играат добро, но резултатите требаше да бидат подобри. Огромните осцилации и падовите кои тимот ги доживува во текот на еден натпревар, се главна причина за ваквата ситуација. Пипан не посочува имиња за кои смета дека разочарале или потфрлиле, но знае да спомне дека плејмејкерите одиграле без потребниот ефект, дека резервите се губат против посилни противници, или потребна е поголема концентрација при изведувањето на слободните фрлања.

„На тренинзите работиме едно, а на мечеви играчите измислуваат некои други решенија. Ни паѓа концентрацијата, треба да видиме каде точно е проблемот. Плус и повредите на Мијатовиќ и Симоновски не ни овозможуваат нормално да тренираме. Во некаква криза сме влезени, но големите екипи знаат како да се исправат на нозе после ваков пад. Верувам дека ќе добиеме следниот меч во Целје, и работите ќе се подобрат“ - додаде Пипан.

Инаку, вечерва „металците“ гостуваат во Гевгелија кај Бест, во првиот меѓусебен дуел на овие два клуба. Разликата во квалитет е голема во полза на првакот, на пресметката со „фенерџијата“ на прволигашката табела може да биде шанса за некои од резервите да добијат поголема минутажа и да покажат дека заслужено се во првиот тим на македонскиот шампион.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...