Никс ги разочара своите фанови

Кога Њујорк никс поведе со 14 поени разлика во последната четвртина, публиката во „Медисон сквер гарден“ почна да се подготвува за славење, но гостите од Хјустон имаа друг план. Успеаја да изедначат и да се изборат за продолжение, а потоа и да го добијат мечот. Кај Никс го немаше болниот Кармело Ентони. „Ракетите“ сезонава имаат седум победи, а ниедна не беше изразена со повеќе од шест поени разлика. Трипати славеа во мечеви со продолжение, и секогаш мораа да дадат 108 или повеќе поени за да триумфираат.

Мемфис ја надигра Филаделфија, која сега има 0-18, изедначување на неславниот НБА рекорд. Ако се додадат и оние 10 порази од крајот на минатата сезона, Сиксерс не знае за победа веќе на 28 меча по ред и тоа е најцрна серија во историјата на еден од четирите професионални спортови во Северна Америка. Откако објави дека на крајот на сезонава ќе ја заврши кариерата, Коби Брајант не успеа да спречи пораз на Лејкерс од Индијана. Лејкерс има шест порази по ред, а Пејсерс во ноември имаше 11-2.

ЛА Клиперс по 13-ти пат едноподруго славеше во меѓусебните дуели со Минесота, што е изедначување на најдолгата клупска серија против некој ривал. Шарлот е во добра форма и не ја испушти приликата да го совлада Милвоки кој е во серија од три порази. Хорнетс погодија 15 тројки што е клупски рекорд, а ако на тоа се додадат и 18-те од слободни фрлања, Шарлот даде само 24 поени со шутеви за два поени. За Феникс заврши серијата од четири порази по ред, а Торонто е поразен откако ги доби претходните четири.

Бруклин со добра игра во последната четвртина го порази Детроит, и ја извојува четвртата победа сезонава. Орландо беше подобар од Бостон, а Виктор Оладипо покажа зошто е една од најдобрите резерви во лигата сезонава. Селтикс не знае за триумф кога прима над 100 поени.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...