Секогаш е тешко да се игра со Македонија

Велика Британија е еден од нашите противници во следниот циклус на квалификациите за ЕП во 2017 година.

А тоа, по пауза од неколку години, ќе биде по вторпат како овие две селекции ќе се најдат едни спроти други. Британците беа наш ривал и во квалификациите за ЕП во Литванија, во 2011 година. Загубивме во Њукасл, во продолжение од пет минути (96:104), иако имавме добиен меч. Но, затоа, пак, им вративме двојно повеќе во Скопје, кога во „пеколот“ наречен Арена „Борис Трајковски“, со триумфот од 75:56 си го обезбедивме патот за Балтикот.

Кирон Ахара е еден од сведоците на тие мечеви. Свесен е крилниот центар на Британците како е тешко да се игра против „црвено-жолтите“.

„Ќе биде особено тешко да се игра против Македонија. Минатиот пат кога бевме во Скопје, загубивме. Но, имавме одличен меч во Њукасл, кога побевиме во продолжението, и се пласиравме на Евробаскетот“- коментира Ахара само неколку дена откако дозна дека за противници во групата „Г“ покрај Македонија се уште и селекциите на Унгарија и на Луксембург.

„Знаеме дека ова ќе биде тежок предизвик за сите нас. А и секогаш е така кога се работи за играње на Евробаскетот, без оглед на тоа против кого играш“ - дополнува Ахара со желба Велика Британија да ги собере најдобрите играчи.

Но, и да го задржи на клупата селекторот Џое Прунти, веројатно и главниот нивни адут ако се знае дека станува збор за стручњак кој во овој момент работи како прв тренер на НБА екипата Милвоки Бакс, каде го менува шефот на стручниот штаб, Џејсон Кид.

Инаку, во минатиот циклус на квалификации Велика Британија ги загуби сите четири мечеви против селекциите на Исланд и на БиХ, а со просек од 14.3 поени, Ахара беше прв стрелец во британската селекција.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...