МЗТ Скопје Аеродром поразен на гостувањето кај првакот Црвена Звезда

Екипата на МЗТ Скопје Аеродром го претрпе 13. пораз во АБА лигата откако на гостувањето во Белград загуби од Црвена Звезда со 92:79. Резултат по четвртини: 29:18; 19:22; 30:13; 14:26.

Во текот на целиот натпревар, шампионот на ова натпреварување Црвена Звезда имаше постојано водство, а на полувремето беше 48:40. Третиот период кошаркарите на македонскиот првак го одиграа најслабо и „црвено-белите“ имаа и +25 позитива (78:53). Во последната четвртина „металците“ успеаја да го ублажат поразот.



Маик Цирбес од Црвена Звезда со 28 поени и 11 скокови беше најдобар на теренот, додека Урош Луковиќ со 20 поени беше најефикасен кај МЗТ Скопје.

Резултати на другите натпревари од 22.коло: Задар – Металац 88:72, Крка – Игокеа 74:64, Будуќност – Партизан 78:65, Олимпија – Тајфун 77:69, Цибона – Сутјеска 93:76 и Мега – Цедевита 100:93.

Табела: Будуќност 20-2 (победи-порази), Цедевита 16-6, Црвена Звезда 16-6, Мега 15-7, Цибона 10-12, Задар 10-12, МЗТ Скопје Аеродром 9-13, Олимпија 9-13, Игокеа 9-13, Партизан 9-13, Крка 9-13, Металац 8-14, Сутјеска 7-15, Тајфун 7-15.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...