Уште две победи за опстанок, веројатно доволна и една

Македонскиот првак МЗТ Скопје Аеродром со една победа во наредните две кола, речиси сигурно ќе го обезбеди опстанокот во АБА лигата и помирно ќе може да влезе во завршницата од Купот на Македонија, и во последните две кола од јадранската лига. Нема да биде лесно да го остварат тоа, имаат дуели со силни екипи од кои губеа во првиот дел на сезоната. Но, ако „металците“ го изненадат лидерот Будуќност во Скопје или ако на гости му вратат на Задар за поразот во „Јане Сандански“, тогаш работата околу опстанокот може да биде и теоретски завршена. Во наредното коло, МЗТ повторно игра во понеделник и ќе ги знае резултатите на ривалите од долната половина на табелата, но кај Задар ќе гостува в петок, само четири дена после пресметката со Црногорците и тоа ќе биде прв меч во 24. коло, последно пред паузата за Купот, па потоа ќе се доиграат уште две рунди.

 



 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

АБА лигата сезонава ја напуштаат два тима. Засега најзагрозени се Сутјеска и Тајфун. Ако овие два тима добијат само еден, па и два меча во последните четири кола, МЗТ ќе обезбеди опстанок. Но, сезонава имаше многу чудни и непредвидливи резултати во АБА лигата и затоа подобро ќе биде „штрковите“ сами да си ја завршат работата, без да чекаат помош од другите.

До крајот на сезоната има и многу натпревари помеѓу директни ривали кои се борат за опстанок, а и тоа му оди во прилог на МЗТ кој има подобра кош-разлика и подобар скор во меѓусебните дуели во однос на најголем дел од противниците.

После поразот од Црвена Звезда, МЗТ е седми на табелата, но теоретски, нема осигурано опстанок во јадранското друштво. Оној тежок кикс на свој терен против Сутјеска, ги донесе во ваква ситуација. Победа над никшиќани или претходно над Мега Лекс истотака дома, ќе значеше кроење планови како да се биде петти и да се обезбеди покана за настап во Еврокупот.

На дуелот со евролигашот Ц. Звезда, МЗТ имаше 19 асистенции што е сезонски рекорд на тимот, беа постигнати 79 поени кои обично се доволни за победа, но одбраната не беше на потребното ниво. Истотака, воочливо беше дека тимот не го користи шутот од далечина. МЗТ имаше само 10 обиди за тројка, а погоди трипати. Овие десет шута за тројка се најмалку за МЗТ сезонава во АБА и убедливо најмалку откако Александар Јончевски е на клупата како прв тренер. Затоа тимот погоди дури 29 шута за двојка што е изедначување на сезонскиот рекорд.

Урош Луковиќ со играта против Црвена Звезда, особено во минутите кога беше чуван од Владимир Штимац, си обезбеди доволен број на индексни поени за да биде во идеалната петорка на колото во АБА. Луковиќ откако дојде во МЗТ, после осум одиграни меча во јадранската лига, се наметна како главен „бананамен“ не само во тимот, туку во целата лига. Тој досега има 25 блокади, што е просек од 3,1 по меч. Втор во оваа статистичка категорија е Квинси Милер од Ц. Звезда со големо заостанување зад Урош и просек од 1,8 „банани“ по меч.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...