МЕНАЏЕРОТ МИОДРАГ РАЖНАТОВИЌ ИМА ДУРИ 65 КЛИЕНТИ ВО ТУРСКАТА ЛИГА

Самарџиски и Антиќ дел од „турската империја“ на Мишко!

Македонците Предраг Самарџиски и Перо Антиќ се наоѓаат на листата од дури 65 кошаркари кои се клиенти на менаџерската агенција „Беобаскет“, а сезонава настапуваат во турската лига. Турската лига станува една од двете најсилни во Европа, имаат четири евролигаши и уште неколку кои се блиску до елитата, а голема заслуга за развојот има и првиот човек на „Беобаскет“, Миодраг Мишко Ражнатовиќ.



Адвокатот, кој е највлијателен кошаркарски менаџер во Европа, во сите 16 турски клубови од прва лига има по некој играч. Затоа, турските медиуми на шега лигата ја нарекуваат империја на Мишко.

Водечката улога по бројност на персонал за кој се грижи Ражнатовиќ ја има клубот Анадолу Ефес. Таму нема играч кој не е клиент на „Беобаскет“, а и тренерот Душан Ивковиќ е застапуван од Ражнатовиќ. Данстон, Уртел, Коркмаз, Крстиќ, Осман, Шариќ, Диблер, Тајус, Батук, Улубај, Кошут и Дувериоглу. Сите овие кошаркари на Ефес се застапувани од Мишко. Српскиот менаџер најмногу очекува од нашинецот Осман (роден во Охрид) и Хрватот Шариќ кои се меѓу најдобрите млади играчи во Европа и за една до две сезони би можеле да се преселат во НБА лигата.

Ражнатовиќ е длабоко навлезен и во клубот Трабзон на кој му има продадено седум кошаркари. Станува збор за Стипановиќ, Јилдирим, Шанли, Демирел, Ѓуласан, Величковиќ и Кулиг. Се разбира, и тренерот Ненад Марковиќ е дел од „Беобаскет“.



Во Галатасарај, Бешикташ, Турк телеком и Пинар Каршијака, играат по пет поединци кои соработуваат со овој менаџер. Дорси, Мицов, Чантекин, Коксал и Егде се од Галатасарај како и тренерот Ергин Атаман, Акјол, Атсур, Ташкиран, Бајав и Шенли од Бешикташ, Куртоглу, Рашиќ, Букер, Гокташ и Акпинар од Турк телеком кој играше со Куманово во првата фаза на ФИБА Европа купот, а од Пинар, клиенти на Ражнатовиќ се Гејик, Сипахи, Коч, Шентурк и Алтинтиг.

Евролигашите Дарушафака и Фенербахче имаат по четири „деца на Мишко“. Кај Дарушафака тоа се Слотер, Алдемир, Бјелица и Прелџиќ, како и тренерот Октај Махмути. Во редовите на Фенербахче, тоа се Диксон, Антиќ, Херсек и Махмутоглу. Ражнатовиќ има заслуга што Антиќ пред три години прејде во НБА лигата. Од „крупните ѕверки“ ги има Василис Спанулис, Мирза Телетовиќ и Никола Пековиќ, а сезонава негова гордост се Никола Јокиќ и Бобан Марјановиќ, кои имаат одлични дебитантски сезони во најсилната лига на светот.

Банвит, Ројалхол Газијантеп и Истанбул БШ имаат по тројца играчи од „Беобаскет“, агенција која неодамна славеше 20-годишнина од своето постоење. Во Ушак спортиф, Јешилгиресун, Торку Коња и Бујукчекмеџе има по двајца клиенти на Мишко, а единствено во Тед Колежлилер, има само еден кошаркар (Гечевичиус) засташуван од српската агенција.

Македонскиот центар Самарџиски сезонава ја почна во Мега Лекс, српскиот АБА лигаш чиј неформален газда е Ражнатовиќ, но тоа беше само привремено, додека Мишко да најде соодветен трансфер за својот клиент. За услугите на Самарџиски се интересираа повеќе клубови, но одлуката падна Самарџиски да се врати во турската лига каде во изминатите години имаше релативно добар успех.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Студенка по медицина полага
испит.
-Колешке,во тестисите на
мажите колкаво количество спер-
ма има?
По кратко размислување.
-Паа,голтка -голтка ипол!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на бабите, празник...
1472.- Роден е италијанскиот сликар Бартоломео...
1483.- Во Урбино е роден Рафаело Санти,...
1749.- Во Бомон ан Ож е роден Пјер Симон Лаплас,...