Вориорс се спасија, Спарс не!

Екипата на Шарлот полека но сигурно станува од оние кои може да се наречат плеј-оф. Го докажаа тоа популарните „стршлени“ и во дуелот против еден од топ фаворитите за шампионскиот пехар во НБА лигата, Сан Антонио.

Иако рано влегоа во голема резултатска негатива, односно по првата четвртина губеа и со (30:7), на крајот излегоа како победници. Стигнаа до 40. успех во сезоната откако завршија со плус од три поени (91:88).

Неверојанто добра игра прикажа Џереми Лин кој против една до најдобрите одбрани во лигата реализираше 29. поени, и го расипа расположението кај Спарси. Пред се кај Тим Данкан, кој одигра 30. минути во Шарлот, и на тој начин стана десеттиот играч во историјата на НБА според бројот на поминати минути на паркетите низ Америка и Канада поминувајќи го на листата Гери Пејтон.

* И Голден Стејт беше многу блиску да запише уште еден непланиран пораз. Но на крајот, се добро се заврши на нивното гостување во Минеаполис. И покрај тоа што Стеф Кари не беше во својот добро препознатлив шутерски елемент, шампионот победи против Минесота со (109:104).

По лошото издание пред две вечери, Кари имаше уште едно такво. Заокружено со лоша реализација за три (2/9), но затоа пак покрај 19. поени придодаде и 11. асистенции.

исто колку што на другата страна оствари Шпанецот Рики Рубио, кој пак имаше и еден поен повеќе од кандидатот за новата титула најкорисен играч во регуларнито дел на лигата.

*Кливленд ја освои дивизиската титула откако повеќе од убедливо го совлада Денвер Нагетс (124:91).Јасно и поради што ако се знае дека Леброн Џејмс одигра уште еден маестрален натпревар кој овојпат го круниса со трипл-дабл ефект. „Кралот Џејмс“ имаше 33. поени, но и по 11. скока односно асистенции, за својот 41. троен ефект во кариерата, но и „јубилејна“ 50. победа на Кавалирс во сезоната, за прво место во Централ Дивизијата на Истокот.

Имаше дури 17 од нив во првата четвртина во која Кавс „побегнаа“ на плус од 19. поени.

Џеј Ар Смит имаше 15, а Чанинг Фрај уште 14 поени за Кливленд каде поради повреда не се појави стартерот Кевин Лов.

На другата страна пак Вил Бартон беше стрелец на 27. поени. Но Нагетс не можеа да сметаат на Кенет Фарид, па оваа турнеја од пет гостувања по ред ја завршија со лош биланс (1-4).

*Најинтересно оваа вечер сепак беше во Детроит, каде во неизвесен и драматичен финиш Пистонс беа за поен подобри од Милвоки Бакс (92:91).

Мечот го реши еден „допир“ оној на не баш енергичниот (барем на овој натпревар), Андре Драмонд. Ол-стар центарот на Детроит, го потврди обидот на еден свој соиграч, и на две секунди пред крајот, го постави конечниот резултат.

Претходно Драмонд имаше осум поени и шест скока во финалниот период, со кои колку-толку „се покри“ за лошиот ефект во минутите пред тие кои се покажаа како одлучувачки.

Па сега Детроит е на скор (37-34) или некој процент повеќе во однос на Чикаго Булс (36-33) во трката за последното, осмо место кое води во доигрувањето на Истокот.

Крис Мидлтон го предводеше Милвоки со 27. поени, доеека пак стандардно дбар беше Јанис Адетокумпо со 21.

Грег Монро имаше дабл-дабл од 18. поени и 10. скока.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Жена чека пред телефонска говорница да заврши човекот пред неа, меѓутоа поминуваат 10 минути, а тој не само што не отстапува, туку само седи со слушалката на уво и ништо не...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Во западните делови од државата, на повисоките места се бележат врнежи од снег, но...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на книгата и авторското...
1564.- Во Стратфорд е роден Вилијам Шекспир,...
1616.- Во Мадрид умре Мигуел де Сервантес,...
1792.- Создадена е француската химна "Марселеза"...