МЗТ нема проблем со МКФ

Хаосот во европската клупска кошарка индиректно го засега и МЗТ Скопје Аеродром како македонски претставник во регионалната АБА лига, но бидејќи во моментов се далеку од Евролигата, „металците“ ќе се задоволат и со квалификации за влез во новата Лига на шампиони. Ова го најави извршниот директор на клубот, Видоја Секулоски, на вчерашната прес-конференција по повод потпишувањето на договорот со новиот спонзор, компанијата за спортска опрема „Спорт М“.

„И националните федерации не знаат што сака и што бара ФИБА. Има многу нејаснотии и тоа отвора простор за шпекулации. Ние веќе одговоривме на дел од дилемите, а еве сега и ќе повториме. МЗТ смета дека е подобро првакот на АБА да игра во Евролигата како најсилно натпреварување во Европа и затоа така гласавме на Собранието на АБА во Загреб. Немаме никаков конфликт со нашата федерација, ниту работиме против нив. Напротив, МЗТ има секојдневна комуникација со МКФ. Федерацијата како членка на ФИБА мораше да се изјасни дека ја поддржува Светската федерација. Ние гласавме за Евролигата, но немаме никакви недоразбирања со МКФ. МЗТ во моментов не игра Евролига или Еврокуп, но тоа не мора да значи дека така ќе остане и во иднина. Ќе видиме како ќе се одвиваат работите во наредниот период, треба да добиеме одговори на уште некои прашања, но ништо чудно есенва МЗТ да игра квалификации за новата ЛШ на ФИБА, ако Македонија добие место, како што се најавува. Но, затоа-потоа, уште е рано конкретно да се зборува на таа тема“ - рече Секулоски.

ФИБА планира во квалификациите за новото натпреварување да има место и за првакот на Македонија. Доколку успее да ги натера најсилните клубови од Европа по оние 16 евролигаши да играат во ЛШ, натпреварувањето на ФИБА ќе биде многу силно. Самиот пласман во групната фаза ќе значи и добивање парична награда од 100.000 евра.

Годинава „металците“ слават 50-годишнина од своето формирање. На самиот ден на 50-тиот роденден од формирањето на клубот немаше никаква прослава, но од клубот велат дека низ цела година ќе се прават разни активности, а круна треба да биде силен меѓународен турнир кој би се играл во „Јане Сандански“ некаде на крајот на септември. Идејата да се поканат неколку силни европски клубови.

„Годинава клубот слави 50 години од своето постоење, и по тој повод сакаме да организираме силен меѓународен турнир кој би се одржал некаде во септември по квалификациите за ЕП 2017. Формиран е одбор за прослава за јубилејот и тој одбор ќе ги планира активностите во чии рамки беше и неодамнешниот турнир во младинските категории“ - додава Секулоски.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Седат Буш и Пауел во кафич и прават муабет. Влегува човек во кафичот, ги гледа двајцава и не му се верува дека се таму. И приоѓа на маса и ги прашува:
- Абе, вие Буш и Пауел...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1533.- Роден е холандскиот државник Вилхелм I...
1731.- Умре англискиот писател Даниел Дефо, кој...
1815.- Роден е англискиот писател Ентони Тролоп...
1854.- Врховниот суд на САД донесе пресуда дека...