Обрадовиќ му верува на Антиќ

Фенербахче не планира да купува нови играчи за пополнување на центарската позиција, иако се најде во незгодна ситуација по повредата на главниот висок играч, Јан Весели. Ова значи дека во Фенербахче сметаат дека Македонецот Перо Антиќ, кој наскоро ќе се врати на терен, ќе биде доволен за да се издржи во ротацијата на позицијата центар и крилен центар во претстојниот важен период.

Антиќ има речиси двомесечна пауза, и заедно со Екпе Јудо треба да го понесат големиот товар во рекетот, во отсуство на Весели. Чешкиот репрезентативец ќе паузира најмалку шест недели, што значи дека нема да може да игра до крајот на четвртфиналето на Евролигата, а би се вратил дури за фајнал-форот, ако Фенер без него успее да дојде до четирите најдобри на континентот.

Истанбулскиот гигант кој веќе има обезбедено четвртфинале во Евролигата, сега ќе му даде поголема шанса на Антиќ кого го ангажираа летоска. Обрадовиќ верува во квалитетите на Перо, и со него ќе се обиде да го мине четвртфиналето во Евролигата и да го задржи врвот во турското првенство. Според турските медиуми, доведување на привремено засилување би ја влошило атмосферата во тимот, па затоа челниците на клубот сметаат дека не треба да носи нов играч.

Сепак, треба да се знае и дека Фенербахче ако донесеше засилување, тој играч би можел да настапува само во турската лига, а не и во Евролигата каде преодниот рок е завршен. Веројатно и тоа придонесе да продолжат со силите кои веќе ги имаат. Антиќ сезонава одигра само пет меча во Евролигата, последниот со Цедевита во Истанбул на 28 јануари, а интересно е што нашиот интернационалец би можел својот камбек да го има повторно против АБА тимот, на утрешното гостување во Загреб во рамките на Топ 16 фазата.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...