До крајот на сезоната без Марко Луковиќ

Бранителот на титулата во домашниот шампионат, екипата на МЗТ Скопје во одбрана на насловот ќе мора да продолжи без еден од своите најдобри кошаркари во оваа сезона - Марко Луковиќ.

Високиот српски кошаркар не го дочекал крајот на еден од тренинзите. При еден незгоден пад на паркетот во СЦ „Јане Сандански“, лекарите констатирале дека има скршеница на десната рака односно десната подлактица.



Првичните лекарски прогнози се дека раката на помладиот од браќата Луковиќ ќе биде имобилизирана во следните три до четири недели. Дури потоа следува и едномесечна рехабилитација, што најверојатно ќе означи и крај на сезоната за високото крило на „металците“.

Момент кој и дефинитивно е голем проблем за стручниот штаб на „сино-белите“ не само во оваа фаза последна од регуларниот дел, туку и во плеј-офот каде МЗТ Скопје ја брани титулата.

Затоа е многу извесно дека неговото место во тимот, оној стартниот, тренерот Александар Јончевски ќе го пополни со уште еден висок (и корпулентен) кошаркар каков што несомнено е Душко Буниќ, кој важи како играч за позицијата „4“, која на малку поинаков начин успешно ја пополнува(ше) и Марко Луковиќ.

А со оглед на бројот на странски играчи во составот на МЗТ Скопје (осум), тоа индиректно значи дека на следните средби „ротацијата“ же биде пократка за еден играч.

Инаку во досегашниот дел од домашниот шампионат Луковиќ реализираше просечни 12. поени, 6.6 скока и 2.2 асистенции. Додека пак претходно во настапите во АБА лигата високото крило беше на слични бројки, односно 11.8 поени, 5.9 скока, и 2.2 асистенции за нецели 29. минути поминати во игра.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...