Војдан кандидат за МВП на шпанската лига

Македонскиот репрезентативен бек Војдан Стојановски е ставен на листата кандидати за признанието најкорисен играч во шпанската лига за сезоната 2015/2016. Стојановски е член на Морабанк Андора, и тој е еден од 25-те најдобри крила во шпанската лига која е можеби најсилна во Европа. На листата има по 25 центри и крила, и 15 бека.



Во гласањето учествуваат тренери, играчи, новинари и навивачи. Гласањето на фановите се одвива преку социјалните мрежи Твитер, Фејсбук и Инстраграм, на страниците на АЦВ. Гласањето почна вчера, и ќе трае до 15 мај во 23.59 часот.

По 27 кола (остануваат уште седум), и Стојановски заслужено се најде на листата со оглед на неговиот просек од 12,5 поени, 2,5 скока и 2,1 асистенции за 27 минути по меч. Според индексот на корисност, тој е на второ место во својот тим зад центарот Георги Шермандини. На листата има играчи кои настапиле на барем две третини од мечевите сезонава. Ќе се бира и идеална петорка на првенството.

Тимот од Андора утре игра со Уникаха во Малага, а веќе има две победи помалку од осмопласираниот тим на табелата. Стојановски и другарите се оддалечија од места во плејофот, но имаат уште седум кола да се обидат да стигнат до целта.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...