Младеновски - пролетно освежување за МЗТ!

МЗТ Скопје – Фени Индустри 81:58

(25-16; 21-16; 15-8; 20-18)

Сала „Јане Сандански“ - Скопје. Гледачи: 500. Судии: И.Митровски-Феревски-Цветаноски

Делегат: Тодоровски - сите од Скопје

МЗТ СКОПЈЕ: ПРОТИЌ 13 (4ск,5ас), Љубичиќ 5 (2ск,5ас), Мекиќ 2, Марковски 0 (2ск,1ас), Васиљевиќ 3 (2ск), Младеновски 17 (5ск,1ас), ДРЕНОВАЦ 12 (1ск), БУНИЌ 5 (5ск,2ас), СТОЈАНОВСКИ 11 (1ск,3ас), МИЈАТОВИЌ 7 (6ск), У. Луковиќ 6 (3ск,2ас);

ФЕНИ ИНДУСТРИ: Стајиќ 13 (3ск,3ас), ПЕТРОВСКИ 3 (1ск,1ас), Китев -, Пајиќ 0 (2ск), НИКОЛОВСКИ 7 (8ск,1ас), Кицев -, Милков 10 (2ск), Самарџиев 0 (1ск,2ас), ИВЕЉА 3 (5ск,1ас), ВРАГОВИЌ 16 (1ск,2ас), Тубак -, ПЕКОВИЌ 6 (6ск,1ас);



МЗТ Скопје ја оправда улогата на фаворит во дуелот со Фени Индустри. Славеше шампионот со сигурни 81:58 во меч во кој кавадарчани како да беа предадени уште пред истиот да почне. По само една четвртина, што е реткост за нивните доаѓања во „Јане Сандански“ во последните неколку години.

Имаа и свои проблеми ако се земе предвид дека стартниот плеј Јане Петровски почна со повреда на скочниот зглоб, а стартниот центар Тубак мечот го проследи од клупата за резерви бидејќи не беше спремен за играње (а прашање е и кога ќе се врати во натпреварувачкиот дел од екипата).

Тоа е премногу за не баш долгата ротација на Фени Индустри, и момент кој екипа така искусна како МЗТ Скопје знаеше да го казни, речиси во секоја ситуација.

Оној сосема солиден плус на истекот на првата четвртина од 25:16 „металците“ го претворија и во цели 20 поени разлика (44.24), како што беше во 16. минута од играта на овој помалку и „приспивен“ натпревар во „Јане Сандански“ - во кој се чекаше само конечниот резултат.

Таквиот редослед на настаните едноставно го принуди домашниот тренер Александар Јончевски добар дел од минутите да им го посвети на оние кои ги имаат малку во оваа сезона.

Дефинитивно, својата шанса, барем на овој натпревар, ја искористи репрезентативецот Љубомир Младеновски.

Беше вистинско „освежување“ во играта на „сино-белите“, но во исто време и показател дека Јончевски едноставно мора да му посвети далеку поголемо внимание од она што го имаше досега. Високиот центар не само што со 17 поени (плус и пет скока и четири блокади), за 16 минути беше најефикасниот играч на шампионот туку стигнуваше речиси на сите оние позиции кои требаше да ги покрива во отсуство на Урош Луковиќ, кој одигра само нешто повеќе од 13 минути. И не требаше повеќе ако се знае дека немаше противник на другата страна од игралиштето.

Тоа беше и најголемата придобивка за МЗТ во овие 40 минути, пред оние наредните кои ги чекаат при гостувањето во Куманово, а во ситуација кога нивната ротација е исто така намалена со неиграњето (до крајот на сезоната) на помалиот Луковиќ - Марко.

Најдобрите минути на оваа средба Фени Индустри ги имаше на почетокот на третиот период, Оној во кој се „симнаа“ на -12 (36:48). Но, тоа беше сè од нив на ова гостување во Аеродром кое ќе сакаат брзо да го заборават, од многу причини.

Она, пак, што вреди да „се извади“ во контекст на играта е секако пожртвуваноста на довчерашниот „металец“ Стајиќ (13 поени, и по 3 скока и асистенции), константноста во поентирањето на Враговиќ (даде најмногу, 16 поени), но и „појавата“ на уште еден млад кошаркар, но од Кавадарци.

Милан Милков како и самиот да остана изненаден кога на крајот на натпреварот зад своето име прочита дека добил дури 15 минути, а дал 10 поени, а имал и уште два скока (и исто толку загубени топки).



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...