Кој вели дека „воините“ не можат без Стеф Кари?

Сигурно чекори бранителот на шампионската титула во НБА лигата. Голден Стејт поведе и со (2-0) во серијата од првото коло на Западот, против Хјустон Рокетс. Уште еднаш, иако овојпат и тоа како ослабени со неиграњето на својата прва звезда, Стеф Кари, „Воините“ покажаа зошто се шампиони. По втор пат за неколку дена во Оукленд беа подобри од „ракетите“, сега со сигурни (115:106), па сега со комотна предност ќе патуваат за Хјустон каде ќе се играат наредните, најмалку два меча од серијата.

Таква беше и тактиката на нивниот тренер Стив Кер. Во недостиг на триесет и кусур поени кои редовно ги добиваат од Кари, неговите соиграчи заеднички го надополнија неговото отсуство.

„Кога Стеф е отсутен нашите момци разбираат дека тој не е тука, и дека не може да сметаат на него, и така мора да го спроведат планот. Ако не го направат тоа, едноставно нема да постигнеме доволно поени. Инаку, сега му беше малку подобро во однос на претходниот ден“- коментираше Кер по вториот успех на неговата екипа против Хјустон.

Екипа која играше многу подобро во однос на првиот натпревар, но интересно, ниту на овој не водеа во ниту еден момент. Се што до крајот направија Харден и соиграчите беше да ја направат негативата на едноцифрена.

Очекувано, Клеј Томпсон ја превзема поентерската улога во домашниот тим. Реализираше 34. поени, а согласно со желбите на Кер, Андре Игудала (18), Шон Ливингстон (16) и Дрејмонд Грин (12. поени и 14. скока) ги поделија преостанатите.

А би се рекло исто така очекувано, со 28. реализации, Џејмс Харден беше прв стрелец на Рокетс.

*Сосема неочекувано, особено ако се земе в предвид резултатот од првиот натпревар, Далас Маверикс „извади“ минимална победа (85:84) на второто гостување во Оклахома.

Иако играа далеку послабо во однос на претходниот меч, и на овој делуваше дека Тандер ќе победи. Откако Стивен Адамс „собра“ еден „отпадок“ под кошот, и поентираше со звукот на сирената, публиката во Оклахома почна до слави. Но само за кратко, затоа што по прегледувањето на „забавената снимка“ судиите констатираа дека тоа било „надвор од времето“, и ја доделија победата на гостите од Далас.

„Многу сум горд на момците и начинот на кој одговорија по еден од најлошите натпревари во историјата на клубот. Ова е група која има своја гордост, и тоа голема и која има голема способност да се врати“ - рече после изедначувањето во серијата на (1-1) тренерот на гостинскиот тим, Рик Карлајл.

Рејмонд Фелтон ги предводеше „дивите телиња“ до посакуваниот „брејк“ со двоен ефект од 21. поен и 11. скокоиви, додек пак Дирк Ноивцки имаше уште 17. Иако заигра со болки во стомакот, Дерон Вилијамс даде 11. од своите 13. поени уште во првите пет минути од мечот во кој потполно потфрли Кевин Дурент.

Иако и тој имаше 21. поен, Дурент погоди само 7. од дури 33. обиди од поле. Веројатно едно од најлошите изданија на „Дурантула“ во неговата кариера во која досега собра 716 натпревари. Затоа што никогаш немал дури 26. нереализирани шутеви од далечина на еден меч, макар бил и од плеј-офот.

Под своето ниво беше и Расел Вестбрук, иако дојде до двоен скор од 19. поени и 14. скокови.

*Нерешено, (1-1) сега е и во серијата на Истокот во која Торонто „од втора“ ја совлада Индијана со (98:87). Што е поважно за Репторс, со овој триумф ставија крај на една лоша серија на плеј-оф резултати (седум последувателни порази во доигрувањето).

Но и фактот дека ниту Лаури, нити Дерозен, не беа во главната улога. Во неа сега „влезе“ Литванецот Јонас Валанчунас кој освен што даде 23. поени, имаше и одлични 15. скока.

Лаури се приближи до своето ол-стар ниво во оваа сезона со 18. поени, 9. асистенции и 7. скокови.

„Сите моравме да го подигнеме нивото на игра. Сепак, ова не е индивидуален спорт, некогаше е тешко за Кајл, некогаш и за Демар, некогаш и на мене. Сите имаат лоши моменти, затоа сите мораме да ’се влечеме’ едни со други“ - изјави најкорисниот „Рептил“ на овој натпревар во кој Дерозен заврши со скромни 10. поени и уште поскромен процент на реализација од поле (5/18), поради што и не играше на крајот.

На другата страна пак, улогата на лидер целосно ја оправда Пол Џорџ кој погодуваше и изброја до бројот 28.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Студенка по медицина полага
испит.
-Колешке,во тестисите на
мажите колкаво количество спер-
ма има?
По кратко размислување.
-Паа,голтка -голтка ипол!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на бабите, празник...
1472.- Роден е италијанскиот сликар Бартоломео...
1483.- Во Урбино е роден Рафаело Санти,...
1749.- Во Бомон ан Ож е роден Пјер Симон Лаплас,...