ХЈУСТОН ГО ИСКОРИСТИ СВОЈОТ АДУТ

Дојдоа минутите на „Брадата“, паднаа „воините“

Во отсуство на Стеф Кари, блесок на ол-старот на Хјустон за намалување на водството на шампионот на (1-2)...

Можеби така изгледаше во Оукленд, но не и во Хјустон...

Голден Стејт е сепак „ранлив“ кога во екипата го немаат својот најдобар играч, Стеф Кари. Поминаа дома, но не и на првото гостување во Тексас. Би се рекло помалку и очекувано ги сопре Џејмс Харден.

Популарниот „Брада“ имаше свое шоу во првиот од најмалку два меча во „Тојота Центарот“, затоа што на 2.7 секунди пред крајот на овој дуел број 3, погоди (преку Игудала) за тесна победа на Рокетс (97:96).

Со тоа тимот од Хјустон намали на (1-2) во серијата која за некоја вечер ќе продолжи на истиот терен.

Можеше да победи и бранителот на титулата откако во претходниот напад Шон Ливингстон освои една топка која Иан Кларк, на 10.2 секунди пред сирената, ја претвори во водство за Голден Стејт.

Но иако немаа право на „тајм-аут“, домашните имаа(т) играч кој знае да решава. Кој знае да погодува затоа што на оваа средба тоа беше неговиот 35. поен. Претходно ол-стар бекот на „ракетите“ имаше и девет асистенции и осум скока.

Го испратија, и тоа со двоен скор, Монтијунас (14. поени и 13. скока), и Двајт Хауард кој имаше по 13 поени и скокови.
Вориорс имаа шанса и да го добијат мечот во оние нецели три секунди, но после дриблингот, Дрејмонд Грин не дојде во ситуација да шутне, па заврши со ефект од девет поени, седум скокови и исто толку асистенции.

Изненадувачки, Марис Спејтс со 22 поени беше прв стрелец кај „воините“, додека пак Клеј Томпсон постигна 17, плус и седум додавања.



Оклахома го врати „брејкот“

Кошаркарите на Оклахома не дозволија ново изненадување во дуелите со Далас. Веднаш возратија на „брејкот“ кој тимот од Далас го направи на претходниот меч на нивниот терен.

На првиот во Далас, Тандер беа на своето кошгетерско ниво. Дадоа дури 131, а примија 102, доволно да го вратат водството во серијата, но и предноста која со себе ја носи играњето на домашен терен.

Се разбира, има доста причини за еден ваков скор, ако се знае дека и Кевин Дурент беше сосема поинаков во однос на претходните 38. минути. „Дурантулата“ реализираше 34. поени (и седум скока), а повторно, во форма беше и Расел Вестбрук кој освен 26. поени имаше и 15. асистенции.

За разлика од нив Маверикс беше далеку од добар во шутерските активности. Подобро кажано, ги утнаа првите десет од 12 обиди за три поени, а нивниот најефикасен играч беше Весли Метјуз кој уфрли 22. поени. Рејмонд Фелтон додаде 18, а Дирк Новицки уште 16. поени.

И Торонто го исправи киксот

Торонто Репторс ја врати предноста во серијата против Индијана Пејсерс. За разлика од пред некој ден, „Рептилите“ ги имаа на располагање и Демар Дерозен и Кајл Лаури. И кога е така, е навистина тешко за нивните противници од другата страна на теренот.

Ол-стар двоецот на Торонто имаше свои минути на првиот меч во Индијанаполис, па не чуди што го вратија тимот во победничка насока. Славеа со сигурни (101:85) и повеќе од доволно за (2-1). Интересно е што и двајцата имаа по 21. поен, додека пак Демар Керол имаше уште 17.

Пол Џорџ одеше во насока на „трипл-дабл“. Но, на крајот застана на 25. поени, 10. скока и 6. асистенции, додека пак се подобриот дебитант Мајлс Тарнер дополни со уште 17 (11 од нив во второто полувреме).

Шанса за поправен, исто како и Далас, кошаркарите на Индијана ќе имаат во сабота навечер, на истото место.

РЕЗУЛТАТИ

Далас - Оклахома 102:131 (1-2)
Индијана - Торонто 85:101 (1-2)
Хјустон - Г. Стејт 97:96 (1-2)



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...