„Громовите“ никако да престанат

На Голден Стејт вориорс не му беше доволно што одигра добро само во првото полувреме, па загуби дома од Оклахома Сити тандер во првиот меч од финалето на Западната конференција во НБА лигата. Тандер е првиот тим кој успеа како гостин да победи во „Оракл арената“, и му ја одзеде предноста на Вориорс. За „гроновите“ ова е прв триумф во оваа сала после пет години.

Голден стејт водеше со 13 поени разлика по првото полувреме, но Кевин Дурант, Расел Вестбрук и останатите од тимот на тренерот Били Донован, направија пресврт во последната четвртина. Дурант даде 27 поени меѓу кои и клучниот кош на 30,7 секунди пред крај за водство од 105-100, додека Вестбрук заврши со 27 поени од кои 24 во второто полувреме, а имаше и 12 асистенции. „Икс фактор“ кај гостите беше Стивен Адамс со 16 поени, 12 скока и две блокади. Тандер го игра четвртото конференциско финале во последните шест сезони.

На „воините“ не им помогна личниот плејоф рекорд на Стеф Кари од 10 скока, кои ги надополни со 26 поени. Кари на 45 плејоф средби по ред дава барем по една тројка, изедначувајќи го рекордот на Реџи Милер. Во второто полувреме, актуелниот првак даде 42 поени, најмалку за нив во годинешниот плејоф, исто како што им се најмалку и оние 14 поени во последната четвртина.

На тренерот Стив Кер првпат во кариерата му се случува да губи со 0-1 во една плејоф серија и интересно ќе биде да се види одговорот. Вториот натпревар се игра вечерва, повторно во Оукленд. Синоќа стартуваше источното финале помеѓу Кливленд и Торонто.

СЛИКА – ДУРАНТ, ИБАКА ИЛИ ВЕСТБРУК



РЕЗУЛТАТ:

Голден стејт – Оклахома сити 102:108 (0-1)



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...