Шампионот ја врати контролата во серијата со Оклахома

Шампионот се враќа во игра за место во финалето. А како поинаку ако не со помош на најкорисниот играч во лигата.

Уште еден неверојатен блесок на Стеф Кари, и овојпат беше доволно за Голден Стејт да биде подобор, многу подобар од Оклахома Сити (118:91), што значи и израмнување во серијата која за некој ден ќе се пресели во Оклахома.

Да, звучи помалку неверојатно, но е сосема вистинито кога се зборува за тоа како игра Кари.

На пример, момчето знае да уфрли и 15 поени за само две минути. Моменти од третата четвртина од мечот, во која беа симнати сите дилеми дека Тандер може да изненади уште еднаш.

Затоа што „скромното водство“ од само седум поени (64:57), неверојатниот Кари го претвори во недостижни плус 20 (79:59). За крај на надевањата на Дурант, Вестбрук и нивните соиграчи дека може да ја удвојат „добивката“ од Оукленд.

„Работа која обично ја работи. Тоа е тоа што тој го работи, ништо повеќе“ - изјави кратко Стив Кер по средбата по која се тргнува од почеток, затоа што серијата е израмнета (1-1), а во врска со играта на Кари кој заврши со 28. реализирани поени.

Но во недела и следниот вторник се ќе биде поинаку во Оклахома. Го знаат тоа „воините“, пред се дека мора да го вратат „брејкот“.

На оваа средба доста „мирен“ беше Клеј Томпсон кој уфрли за него скромни 15 поени. Еден повеќе од Игудала додека Мариз Спејтс изненади пријатно со 13. реализации кај Вориорс.

Кевид Дурант беше прво име кај Оклахома откако постигна 29. поени. Но само шест од нив дојдоа во второто полувреме во кое Голден Стејт, поточно Кари ја „скршија“ нивната желба за ново изненадување.

„Праќаа по тројца, се обидував да испратам вистинско додавање. Можеби ќе морам да путирам преку тројца“ - искоментира крајто Дурант.

Еден од творците на првиот триумф, Расел Вестбрук овој меч го заврши со двоен ефект од 16. поени и 13. асистенции, но беше само вториот во тимот со таков ефект.

Овојпат изостана подршката од соиграчите. Па не е воошто чудно што Тандер беа во водство само 12 секунди. И тоа во моментот кога Дион Вејтерс со тројка го сврти резултатот (47:46). Но за кратко затоа што дојдоа трите слободни фрлања на игудала, а потоа и онаа убиствена серија на Кари по која гостите од Оклахома повеќе не „дигнаа глава“. Во еден момент губеа и со (84:118).



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...