МЗТ „влезе“ во негатива, дали може да „излезе“?

Дали поразот во првиот натпревар од финалната серија од плеј-офот, на свој терен од Куманово (84:87) би можел да биде лош предзнак за бранителот на титулата, МЗТ Скопје?

Посебно ако се земе предвид онаа секогаш присутна традиција која вели дека за првпат откако тимот од Аеродром стигнувал до шампионската титула, говориме нели за последните четири сезони, ниту еднаш не бил во подредена позиција. Односно да губи во серијата која го дава шампионот на Македонија.

Помалку чудно, но е вистинито. Затоа што ако се погледнат резултатите на „металците“ во претходните четири серии од финалето, одговорот вели дека секогаш имале „контрола“ над ситуацијата, и дека во ниту еден наврат не му дозволил на еден од противниците, а ги имаа четири различни, да „припари“ до каква било предност, пред сè резултатска.



„СИНО-БЕЛАТА“ ШАМПИОНСКА ИСТОРИЈА НА ФИНАЛЕТО

МЗТ Скопје освои четири шампионски пехари во последните четири сезони од домашното првенство. И секогаш со различни противници. Долгоочекуваната прва титула во Аеродром дојде во сезоната 2011/2012, кога „сино-белите“ беа подобри од Фени Индустри. И со вкупни 4-1 во серијата, која ја почнаа со стартна предност од 1-0, го дочекаат тој момент, да го донесат трофејот во Аеродром.

Во таа серија „металците“ веднаш ја искористија предноста на домашниот терен, за сигурни 2-0 во серијата која ја затворија и со победа на гостински терен, во празната сала „Јасмин“ во Кавадарци.

Една година подоцна, противник на МЗТ Скопје во последниот плеј-оф круг беше екипата на Кожув. Но, гевгелиската еуфорија траеше доста кратко затоа што тимот од „Јане Сандански“ експресно ја затвори таа серија. Со четири победи, по две домашни и две гостински и „чисти“ (4-0).

Завршницата на сезоната 2013/2014 го донесе и големото дерби на македонската кошарка. Во финалето, повторно со предност на МЗТ Скопје, по подолга пауза, се „појави“ екипата на Работнички. Сè што успеаја „црвено-белите“ од „Градски парк“ во серијата е да му земат само еден поен на бранителот, кој на тој начин ја „соши“ третата шампионска ѕвездичка.



Лани дојде редот на Куманово да им биде предизвикувач на „недопирливите“. А и кумановци поминаа како боси по трње во дуелите, оние три од серијата со тимот кој ја бранеше и одбрани, по трет пат, титулата.

Клучна беше онаа победа на скопските „сино-бели“ во неверојатниот втор меч од серијата кога во екстра периодот од пет минути, славеа со 107:102, за потоа на вториот меч во новоотворениот „Јане Сандански“ рутинерски стигнаа и до четвртиот пехар во колекцијата.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Жена чека пред телефонска говорница да заврши човекот пред неа, меѓутоа поминуваат 10 минути, а тој не само што не отстапува, туку само седи со слушалката на уво и ништо не...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Во западните делови од државата, на повисоките места се бележат врнежи од снег, но...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на книгата и авторското...
1564.- Во Стратфорд е роден Вилијам Шекспир,...
1616.- Во Мадрид умре Мигуел де Сервантес,...
1792.- Создадена е француската химна "Марселеза"...