Продолжува финалната серија во македонското кошаркарско првенство

Скопје, 24 мај 2016 (МИА) - Двете најдобри екипи во македонската кошарка, МЗТ Скопје Аеродром и Куманово, вечерва во СЦ „Јане Сандански“ во Скопје ја продолжуваат финалната серија во плеј офот. Бранителот на трофејот МЗТ Скопје Аеродром по триумфот во саботата на гостински терен го изедначи резултатот на 1-1 во победи и ја врати предноста што ја носи домашниот терен.

Сепак, во досегашните две средби од финалната серија која се игра до три добиени средби, домашниот паркет  не се покажа како предноста за домаќинот, бидејќи на стартот на финалето МЗТ Скопје  загуби со 87:84, а потоа Куманово пред полни трибини не успеа да го валоризира брејкот од Скопје и беше поразен со 75:82.

Почетокот на натпреварот е во 19 часот.

Следниот меч во Куманово ќе се игра в петок (27 мај), додека евентуалната мајсторка на програмата е закажана за во Скопје на 29 мај.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...