Ќе дадеме се од себе да играме на уште еден Евробаскет!

Војдан Стојановски повикува на претпазливост. Смета дека работата, онаа во и околу виза за настап на ЕП 2017, нема да ни биде лесна. Особено ако се земе в предвид дека нашиот национален тим мора да ја помине онаа „смена на генерациите“, но и фактот дека уште еднаш сме соочени со друга вистина, имаме и нов селектор - Драган Раца.

Во интервју дадено за официјалниот сајт на Европската кошаркарска федерација, ФИБА-Европа, веројатно новиот капитен на нашиот национален тим, очекува уште еден добар резултат во летните квалификациски битки, и петто по ред учество на Македонија во завршницата на Евробаскетот, кој исто како и оној претходниот е „распореден“ во четири различни земји.



„Нема да ни биде лесно да обезбедиме пласман на ЕП, затоа што минуваме низ една генерациска смена. Владо Илиевски се пензионираше, Ричард Хендрикс повеќе нема да игра за нас, а плус тоа имаме и нов тренер - Драган Раца. Знам дека тој работел многу години во Кипар и на азискиот континент. Слушнав дека е добар тренер, но ќе треба да го видиме, да се запознаеме со неговиот систем на работа“ - вели Стојановски во специјалното интервју кое го објави ФИБА-Европа на својата официјална веб-страница.

Еден од браќата Стојановски мисли дека Македонија има лесна група во квалификациите за Европското Првенство во 2017 година. Но уште еднаш вели дека нема, не смее да има никакво опуштање на ниту еден од оние шест мечеви во квалификациите.

„Имаме добра група, но сепак, се ќе зависи од нас. Ако добро се подготвиме и физички и ментално, тогаш имаме добра шанса да се најдеме на Евробаскетот во 2017 година. Мора да даваме се од себе од меч во меч. Па така, натпреварот против Луксембург не треба да го гледаме како лесен затоа што и тие знаат да играта кошарка - додава еден од постојаните наши сениорски репрезентативци во изминатата деценија.

Смета дека Македонија има потенцијал. Односно неколку малди кошаркари кои треба да добијат своја шанса во оваа „реконструкција“ на националниот тим.

„Имаме три-четири талентирани кошаркари. А еден од нив е Љубомир Младеновски, кој е доста корпулентен, и кој има шанса да се развие во добар кошаркар. Нам ни требаат такви, големи момци. Тој веќе играше еднаш на сениорско ЕП. На нашиот тренинг камп ќе зборувам со нив, и ќе им кажам дека треба да го даваат максимумот за својата земја, секогаш кога и да играат. Зошто? Затоа што не гледа целата нација. плус мора да го слушаат и тренерот“ - смета Стојановски.

Свесен е дека Македонија нема квалитет како селекции од типот на Литванија, Шпанија или Србија, и дека немаме доволно широк ростер на кошаркари, но...

„Откако постарите се пензионираа, сметам дека за нас сега е најважно да се пласираме на ЕП. Многу сакам да играм на четвртто по ред Европско првенство. И ќе сторам се што е во моја моќ да го реализираме тоа. Сепак, ние не сме Литванија, Шпанија или Србија, затоа што немаме широк ростер на кошаркари. Па затоа пласманот на ЕП е најважен“.



На она минатото и групата во Загребе, сето тоа беше далеку од идеално, затоа што Македонија забележа четири порази и само една победа.

„Минатата година за време на подготовките минавме низ многу промени, а добивме и нов тренер. И покрај сето тоа, имавме добра атмосфера на првенството. И ако победевме на уште еден натпревар, ќе бевме во наредната фаза од првенството. Затоа сега ќе дадеме се од себе повторно да обезбедиме пласман на ЕП и да бидеме подобри од претходниот пат“ - заклучува Стојановски во интервјуто за европскиот дел од ФИБА.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Студенка по медицина полага
испит.
-Колешке,во тестисите на
мажите колкаво количество спер-
ма има?
По кратко размислување.
-Паа,голтка -голтка ипол!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на бабите, празник...
1472.- Роден е италијанскиот сликар Бартоломео...
1483.- Во Урбино е роден Рафаело Санти,...
1749.- Во Бомон ан Ож е роден Пјер Симон Лаплас,...