Тимот на Раца во Кина ќе игра пет меча

Комбинираниот македонски тим предводен од селекторот Драган Раца, на „Атлас челинџ“ турнирот во Кина ќе игра во групата Б против Иран, Литванија и САД, земја која ќе биде претставена од тимот на Универзитетот Ајдахо вандалс.



Во другата група А, ќе играат домаќинот Кина, Јапонија, Нов Зеланд и Белорусија. Најдобрите две екипи од двете групи одат во полуфинале, по што следува финале или дуел за трето место. Најслабите два тима играат најпрвин разигрување за петто до седмо место, и потоа во зависност од резултатот, се игра за петта или седма позиција на турнирот на кој учествуваат осум тима.

Ова значи дека македонскиот тим ќе има можност да одигра пет натпревари, сосема доволно за некој од потенцијалните репрезентативци да се докаже пред селекторот.

Мешовитата македонска кошаркарска експедиција со лет од Виена пристигна во најголемиот кинески град Шангај, од каде се упати 100 километри северо-западно кон Суџу, град со 4,3 милиони жители и се наоѓа во делтата на реката Јанг Це.

Со селекторот Раца и претседателот Петар Наумоски, таму се и помошникот Врбица Стефанов, кондициски тренер Ѓорѓе Јовичиќ, физиотерапевтот Петар Тодоровски.



Од кошаркарите, македонскиот тим ќе го претставуваат младите Љубомир Младеновски, Адем Мекиќ, Горан Главчев, Иван Сапунџиев, Бобан Стајиќ и Предраг Пајиќ, кои настапуваат во клубови од нашата лига, и новопечениот Македонец, 226-сантиметри високиот Марко Дујковиќ.

МКФ ја прифати понудената помош од 37-годишниот Ратко Варда, па и тој ќе игра, иако нема шанса да добие македонски пасош. По бројните откажувања на А-репрезентативци, МКФ реши составот да го пополни со четворица Американци кои се непознати за нашата јавност, а со каков квалитет располагаат, ќе се види на турнирот во Суџу. Тоа се Ксавиер Тејмс, Џовон Вудс, Твимонд Хауард и Џефри Њубери. Планиран бил и центарот Тод О`Брајан како фаворит за добивање на македонски пасош со право да игра како натурализиран во квалификациите за ЕП, но тој откажал од семејни причини.

Од македонската федерација немаа многу детали околу турнирот, распоредот на натпревари и градот во кој ќе се игра турнирот, едноставно одговорот беше дека селекторот Раца знае сè. „Атлас челинџ“ е турнир кој се одржува втора година по ред во градот Суџу, и на него настапуваат разни селекции од три континенти.

Четворицата Американци кои ќе играат за македонскиот тим со цел да го подигнат квалитетот и да се обидат да најдат ангажман, ќе се приклучат директно во Кина.

Прв противник на „црвено-жолтите“ утре ќе биде Иран, тим кој летово (од 4 до 9 јули во Торино) ќе игра квалификации за Олимписки игри.



Селектор на Иранците е искусниот германски стручњак Дирк Бауерман. Иран лани беше финалист на истиот турнир во Кина.

За „репрезентацијата“ на САД ќе играат „вандалите“ од колеџот Ајдахо, додека Литванија ќе ја претставува комбиниран национален тим.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
На испит на Медицински факултет, професорот ја прашува студентката.
- Колку сперматозоиди има во тестисите на машки полов орган?
По кратко размислување...
- Пааа отприлика...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на културното наследство
1828.- Во Бордо умре Франциско Хосе де Гоја,...
1844.- Во Париз е роден Жак Анатол Франс Тибо,...
1859.- Умре францускиот историчар и политичар...