Дерик Роуз дел од Никс!

Една ваква сензационална вест лиферуваа медиумите кои се заминуваат со она што се нарекува НБА.

Според информациите на повеќе водечки сајтови во и околу најсилната лига на светот, освен Роуз, раководството на Чикаго Булс ќе се откаже и од услугите на бекот Џастин Холидеј, како и избор во втората рунда на драфтот во 2017 година.

За возврат ќе го добие центарот Робин Лопез, шпанскиот плејмејкерски ветеран Хосе Мануел Калдерон, како и перспективниот бек Џеријан грент, кој во минатата сезона како дебитант доби премалку играчки простор како играч на тимот од „Големото јаболко“.



На овој начин Роуз се разделува со тимот кој го драфтуваше во 2008 година, и со кој требаше да направи големи работи, особено што беше избран од најдобрата „стартна позиција“, онаа првата.

Но, двете тешки повреди на коленото драстично го вратија назад во неговата кариера како играч на популарните „бикови“.

На крајот на сезоната 2010/2011, Роуз беше избран и за најкорисен играч во НБА лигата, и тоа како најмлад на сите времиња затоа што тогаш имаше дваесет и две и пол години.

Таа година Роуз го донесе Чикаго Булс до финалето на источната конференција, со скор (62-20) во регуларниот дел од лигата.

Во онаа минатата, Роуз одигра 66 мечеви за Булс, и притоа во просек реализираше по 16.4 поени, 4.7 асистенции и 3.4 скока.

Сепак, ова не би требало да биде се кога се зборува за трансфер активностите на Њујорк Никс во текот на овие летни и жешки денови. Посебно ако се знае дека по ослободувањето на играч каков што е Робин Лопез, ќе им треба ново „големо момче“.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...