Малиот Рубин, по стапките на својот татко Врба

Велат „крушата под круша паѓа“...

Најдобра потврда за тоа е Рубин Стефанов, синот на еден од најдобрите македонски кошаркари, Врбица. Рубин има само 11 години и веќе цврсто граби по стапките на својот татко.

Интересно е како помал подеднакво ги сакал фудбалот и кошарката, но, сепак, портокаловата топка го маѓепсала. Како што вели самиот, во неговата одлука не влијаеле ниту неговиот татко, ниту мајка му Ани, која исто така е некогашна кошаркарка и репрезентативка, како и неговиот дедо Васил Кафеџиски, поранешен кошаркар и тренер.

„Од секогаш ја сакав кошарката. Точно е дека дел од времето го поминував и играјќи фудбал, но на крајот се одлучив за кошарката. Многумина мислат дека моите родители имаат влијание на изборот, но тие воопшто не ми вршеа притисок“, вели Рубин Стефанов, кој додаде дека има најголема поддршка од неговата помала сестра Дора, која, пак, веќе две години тренира тенис.



На шест години ги направил првите посериозни чекори. Ова „чудо од дете“, како што многумина тренери го нарекуваат, почнал да тренира во Куманово, потоа две години бил дел од екипата на Римини (Италија). По враќањето во Македонија го носел дресот на КК Ангели, а сега веќе две години е член на МЗТ Скопје (генерација 2004/2005).

Бидејќи во македонската кошарка нема официјално натпреварување за генерацијата 2004/2005 година, Рубин заедно со МЗТ Скопје честопати гостуваат на меѓународни турнири. Првото поголемо признание стигна оваа година, на меѓународниот турнир во Ботевград на кој покрај МЗТ Скопје и домаќинот учествувале уште четири екипи. Малиот Стефанов го понесе МВП признанието, а неговиот тим го освои првото место. Иако поради неговите само 11 години е рано да се даваат прогнози, сепак, според она што до сега го покажува, Рубин е на добар пат најпрво да го стигне својот татко, а потоа и да го надмине. „Точно е дека е рано да се предвидува иднината на едно дете особено во спортот. Но, можам да кажам дека талентот кај него е неспорен, на кратко кажано чудо од дете“, кратко ни прокоментира тренерот на МЗТ Скопје во генерација 2004/2005 година, Митко Маринковски.

ЖЕЛБАТА Е ДА ГО СТИГНЕ СВОЈОТ ТАТКО

„Мојот најголем идол е секако мојот татко, би сакал еден ден да станам добар како него“, вели Рубин, кој покрај редовните тренинзи со својот клуб МЗТ Скопје честопати тренира и со Врба. „Иако сум млад, но верувам дека сите кошаркари на моја возраст сонуваат за НБА“, додава 11-годишниот член на „сино-белите“ чиј идол е плејмејкерот на Голден стејт, Стеф Кари.

Иако можеби сè уште е рано да се зборува за иднината, но, сепак, по завршување на основното училиште Рубин ќе се школува и ќе игра во странство.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...