Не е „дрим-тим“, ама кој ќе ги победи?

Со потврдните одговори од Кајри Ирвинг и Херисон Барнс, комплетиран е составот на американската репрезентација за претстојните Олимписки игри во Рио де Жанеиро. Присуството на Ирвинг е голем плус за националниот тим на САД бидејќи тој во 2014 година беше најзаслужен за титулата на Светскиот куп во Шпанија, кога во финалето со тројка ја уништи репрезентацијата на Србија. На тој СК, Ирвинг беше избран за МВП, а сега ќе се обиде да освои и олимписко злато. Инаку, тој е роден во Австралија, но реши да игра за својата втора татковина. Ирвинг како член на новиот НБА првак Кливленд кавалирс, сезонава имаше просек од 19,6 поени и 4,7 асистенции по меч.



Иако во составот на селекторот Мајк Кшижевски ќе нема еден куп мегаѕвезди од типот на Леброн Џејмс, Стеф Кари, Двајт Хауард, Крис Пол, Џејмс Харден, сепак Американците ќе важат за фаворити број 1 за освојување на златниот медал на ОИ. Тие „киксираа“ во 2004 година во Атина кога освоија само бронза, па со многу силни состави победуваа во 2008 во Пекинг и 2012 во Лондон. Сега ќе ги бркаат третото олимписко злато по ред, и со оглед на тоа дека имаат само двајца центри, а и тие не се којзнае колку високи, за очекување е дека со многу брза игра и шутеви од далечина ќе се обидат да ги уништуваат противниците.

Од 18 до 21 јули, тимот на САД ќе ги почне своите подготовки, и тоа традиционално во Лас Вегас. Потоа ќе играат пет контролни средби на кои ќе се види колку се доминантни во пресрет на стартот на олимпискиот турнир на 6 август.



Без оглед дали во Рио ќе се искачат на највисокото место на пиедесталот или не, за Кшижевски завршува децениското селекторување, и на негово место ќе дојде Грег Попович, актуелниот тренер на Сан Антонио спарс.

СОСТАВ НА САД ЗА ОИ:

Кајри Ирвинг

Херисон Барнс

Клеј Томпсон

Џими Батлер

Демар Дерозен

Кајл Лори

Кевин Дурант

Кармело Ентони

Пол Џорџ

Дрејмонд Грин

Демаркус Казинс

Деандре Џордан



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...