Минесота вреди над милијарда долари

Познато е дека сите НБА клубови, без разлика на нивниот успех на теренот или големината на градот од кој доаѓаат, се многу вредни.

Продажбата на Лос Анџелес клиперс во август 2014 година за сума од дури 2 милијарди долари, постави нови стандарди. Во април минатата година, за Атланта хоукс, клуб кој никогаш не бил суперпопуларен во САД, беа платени 850 милиони, и тоа беше доказ оти и екипите од помалите градови се скапи.



Вредноста на НБА клубовите е зголемена, и лигата како да влегува во златна ера. Сумите кои се плаќаат за помал број на акции во некои клубови од помалите средини, покажуваат оти вредноста расте.

Така, неодамна еден кинески бизнисмен купи 5 отсто од акциите во Минесота тимбервулфс, клуб кој во февруари од „Форбс“ е проценет на 720 милиони „зелени банкноти“ со која беа само 27-ми меѓу 30 клуба во лигата. Но, за овие неколку месеци, работите се сменија.

Минатата недела, долгогодишниот газда на клубот од Минеаполис, Глен Тејлор, му продаде пет проценти од акциите на 35-годишниот Лиџанг Жианг, сопственик на една маркетинг компанија. Според сумата која ја плати Кинезот, значи дека вредноста на клубот сега е околу една милијарда долари и тоа е добра вест за актуелните сопственици на НБА тимови. Жианг на почетокот на месецов го купи и шпанскиот фудбалски клуб Гранада.

Идејата е „шумските волци“ да станат популарни во Кина, покрај тоа што имаат млад состав кој ќе се обиде во наредниот период да биде еден од најдобрите тимови во западната конференција.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Студенка по медицина полага
испит.
-Колешке,во тестисите на
мажите колкаво количество спер-
ма има?
По кратко размислување.
-Паа,голтка -голтка ипол!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на бабите, празник...
1472.- Роден е италијанскиот сликар Бартоломео...
1483.- Во Урбино е роден Рафаело Санти,...
1749.- Во Бомон ан Ож е роден Пјер Симон Лаплас,...