Харден со 118 милиони причини за остане во Хјустон

Ол-стар бекот на Хјустон рокетс, Џејмс Харден (26), се согласи на нов четиригодишен договор со клубот, и за тоа ќе добие 118 милиони долари. Со новиот договор, Харден може да искористи опција да биде слободен најрано во летото 2019 година. Со ова, клубот си се обезбеди со присуство на лидер околу кој ќе може да го формира тимот во иднина. Според визијата на тренерот Мајк Дантони, Харден им е потребен на „ракетите“ и тоа на подолг рок.

Харден дојде во Хјустон во 2012 година од Оклахома сити, а во 2015 беше предводник на Рокетс до пласман во финалето на западната конференција.

Продолжувањето на договорот на Рокетс со Харден е изненадување, а беше објавен за време на прес-конференција на која клубот ги претстави новите свои играчи Рајан Андерсон, Ерик Гордон и Нене Иларио.

Стариот договор на Харден беше со важност до 2018 година, и со наредните две години требаше да земе вкупно 34,6 милиони долари. Со новиот дил, неговата годишна плата ќе биде зголемена за 10-11 милиони. Во последната сезона од договорот, 2019/2020, Харден ќе има плата од 32,7 милиони „зелени банкноти“. Вкупно, Рокетс на Харден за наредните четири години ќе му исплати 83,5 милиони долари повеќе од планираното.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...