Три порази на нашите кадети на турнирот во Скопје

МАКЕДОНИЈА - БУГАРИЈА 68:72

(15-15; 19-21; 14-22; 20-14)

Сала на КК „Вардар“ - Скопје. Судии: Стојчевски-Панов-Петровиќ (Македонија)

МАКЕДОНИЈА: ПАНОВ 11 (4ск,3ас), Божиновски 5 (1ск,1ас), СТОЈАНОВСКИ 14 (1ск,3ас), Миса 2 (1ск), Деолски 5 (1ас), Аврамовски 4 (2ск), Мициќ 2, ЈОРДАНОВСКИ 4 (6ск,5ас), КАРКУКИ 10 (8ск), Георгиевски 0 (1ск), Темелковски 0 (1ск), ДАНИЛОВ 11 (2ск,3ас);

БУГАРИЈА: ИВАНОВ 5 (1ск,1ас), Везирски 0 (4ск,1ас), Мераков 0 (1ас), Петков 0 (2ск), ЧЕРНОКОЖЕВ 37 (12ск,3ас), ИЛИЕВ 8 (6ск,2ас), МЛАДЕНОВ 6 (6ск,2ас), Матушев 0, Маринов 7 (7ск,5ас), Петров 0 (2ск), Стефанов 0 (2ас), МИХАЈЛОВ 6 (6ск,4ас);



Секој почеток е тежок, па и оној на селекторот Џои Тејт на клупата на М-16 селекцијата на Македонија.

Доказ плус за тоа беше и силниот турнир кој во изминатите три дена МКФ го организираше во Скопје, и на кој нашиот кадетски тим забележа три порази во дуелите со соодветните селекции на Русија, Турција и на Бугарија.

Но факт е дека како одминуваа(т) деновите така и оваа наша селекција играше сè подобро и подобро. И дека на последниот меч, оној против тимот на нашиот источен сосед, прикажа и најдобра игра.

А бевме во игра, дури и за победа сè до самиот финиш, кога на минута пред крајот се приближивме на минус 2 (66:68). Но со четири поени по ред Бугарите се одвоија, и победија со 72:68.

И го освоија третото, а нам ни остана четвртото место на турнирот.

Стојановски реализираше 14, Панов и Данилов по 11, а Каркуки придодаде уште 10 поени за нашата селекција на оваа трета скопска проверка.

Инаку, првото место на овој силен и квалитетен турнир го освои селекцијата на Турција. Во мечот на одлука турските кадети беа подобри од руските со 68:60 и со максимални три победи во исто толку натпревари, дојдоа до победничкиот пехар.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...