Данкан ја заврши кариерата

Сан Антонио, 12 јули 2016 (МИА) - По 19 сезони во НБА лигата, пет титули шампион, пет пати добиено признание МВП и 15 учества на „Ол стар викендите“ Тим Данкан реши да ја заврши својата кариера. Оваа вест ја потврди и екипата на Сан Антонио, а Данкан се откажа од последната година од договорот со клубот во 40-та година од животот.

Данкан е еден од тројцата кошаркари во НБА лигата што целата кариера ја мина во еден тим. Покрај него уште се: Коби Брајант (ЛА Лејкерс) и Џон Стоктон (Јута Џез).

Во својата кариера има одиграно 1.392 натпревара во регуларниот дел со просек: 19 поени; 10,8 скокови и 3 асистенции, додека во плеј офот одигра 241 натпревар – 21,2 поен; 11, 1 скок; 3,3 асистенции и 1,3 украдени топки.

Во последната сезона имаше просек од 8,6 поени по натпревар, 7,3 скокови и 1,3 блокади.

Како пик број 1 на драфтот 1997 година дојде од Вејк Форест Универзитетот. Во првата сезона беше избран за „руки“, а на стартот од кариерата настапуваше со Дејвид Робинсон. Откако беше драфтуван Сан Антонио со него забележа 1.072 победи и 438 порази.



Данкан е 14.ти стрелец во НБА лигата со 26.496 поени, шести скокач – 15.091 и петти по бројот на блокади – 3.020.

Признанието МВП на сезоната го има добиено во 2002 и 2003 година, а МВП на финалето во три наврати: 1999; 2003 и 2005.

Петте титули Данкан ги освои: 1999 година, 2003, 2005, 2007 и 2014.

Заедно со тренерот Грег Поповиќ заедно имаат 1.001 победа со што се најдобар тандем тренер – играч.

Во најскоро време се очекува Сан Антонио да го повлече неговиот дрес со број 21.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...