Рајли не може да го прежали Вејд

Претседателот на Мајами хит, Пет Рајли, призна дека доживеал дебакл во преодниот рок со тоа што не ги спречил заминувањето на Двејн Вејд во друг клуб, во случајов Чикаго булс. Рајли жали за неочекуваниот трансфер на можеби најзначајниот играч во историјата на „жешките“. Претседателот сакал Вејд да остане задоволен и добро платен, но не можел да го жртвува целиот тим. Вејд во родниот Чикаго ќе заработи 47,5 милиони долари за две сезони.

„Тоа што се случи со Двејн ме тресна од земја. Многу жалам што не бев во ситуација да застанам на патот на Вејд кон Чикаго. Ако требаше со кану ќе веслав до Средоземното Море. Не бев дел од преговорите, а тоа беше моја работа. Сакав Двејн да биде среќен и добро платен кај нас, но не по цена на парализирање на тимот од можноста да победува. Нема ништо да биде исто без него, но мора да гледаме напред и да се надеваме дека ова нема предолго и премногу да боли“ - изјави славниот Рајли.

Рајли рече дека нема разговарано со Вејд откако кошаркарот заминал во Чикаго, но верува дека нивниот однос ќе остане пријателски откако ќе се крене правта.

„Ако го сретнам сега, верувам дека топло ќе се прегрнеме. Немам негативни чувства кон него“ - додава Рајли.

Сега без 34-годишниот Двејн Вејд, со кого тимот освои три титули, и неизвесност околу здравјето на Крис Бош, најверојатно лидерската палка ќе ја преземе центарот Хасан Вајтсајд со кого беше потпишан четиригодишен договор вреден 98 милиони долари. Со заминувањето на Вејд, тимот загуби поени, асистенции, загубени топки, но најмногу загуби ѕвезда и лидер.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Седат Буш и Пауел во кафич и прават муабет. Влегува човек во кафичот, ги гледа двајцава и не му се верува дека се таму. И приоѓа на маса и ги прашува:
- Абе, вие Буш и Пауел...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1533.- Роден е холандскиот државник Вилхелм I...
1731.- Умре англискиот писател Даниел Дефо, кој...
1815.- Роден е англискиот писател Ентони Тролоп...
1854.- Врховниот суд на САД донесе пресуда дека...