Евролигата масовно извезува играчи во НБА

Најсилното клупско натпреварување во Европа, Евролигата, станува многу голем извозник на играчи во НБА лигата, и тоа не само преку драфтот. Сè повеќе НБА клубови се охрабруваат да купат играчи кои настапувале во Евролигата.

Досега во летниот преоден рок вкупно десет кошаркари од Евролигата директно заминаа во НБА, не сметајќи ги оние што беа избрани на драфтот минатиот месец.

Трансфери од евролигашки во НБА клубови направија: Серхио Родригез од Реал Мадрид во Филаделфија, Дарио Шариќ од Анадолу Ефес во Филаделфија, Малколм Дилејни од Локомотив Кубан во Атланта, Томас Саторански од Барселона во Вашингтон, Пол Ципсер од Баерн Минхен во Чикаго, Давис Бертанс од Лаборал Куча во Сан Антонио, Миндаугас Кузминскас од Уникаха во Њујорк, Морис Ндур од Реал Мадрид во Њујорк, Вили Ернангомез од Реал Мадрид во Њујорк, и Алекс Абринес од Барселона во Оклахома.

„Кралскиот клуб“ од Мадрид даде три играчи во НБА, неговиот ривал Барса го напуштија двајца кои прејдоа во најсилната лига на светот. Од друга страна, Њујорк никс купи тројца играчи кои лани беа дел од Евролигата, а Филаделфија прибра двајца.

Играчите кои од Евролигата прејдоа во НБА и финансиски добро ќе поминат. Објавено беше дека едногодишниот договор на Родригез во Филаделфија ќе му биде 8 милиони долари, сума која е далеку над онаа која би ја заработувал на Стариот континент каде нема играч со годишна плата над 3,5 милиони евра. Неговиот сонародник, младиот Абринес, потпиша тригодишен договор со Оклахома вреден 17 милиони долари.

Некои европски играчи кои во минатото биле драфтувани или имаше интерес за нив, исто така имаа можност летово да заминат во НБА, но, сепак, се премислија и остануваат во Европа. Такви се случаите со триото од Фенербахче, Богдан Богдановиќ , Јан Весели и Екпе Јудо.

Има група играчи кои беа избрани на НБА драфтот и во следната сезона ќе играат таму, а во минатата сезона биле членови на евролигашки тимови. Тоа се Георгиос Папајанис кој од Панатинаикос оди во Сакраменто и Драган Бендер кој Макаби го замени со Феникс санс. На преселба од европски клуб кој не бил евролигаш, во НБА се решија Џастин Хамилтон од Валенсија, и Тимоти Луваву-Кабаро кој во минатата сезона играше за српскиот тим Мега Лекс.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...