Нов пораз за Македонија на Европскато првенство Б Дивизија

МАКЕДОНИЈА – ПОРТУГАЛИЈА 54:63
(7-16, 16-15, 16-11, 15-21)
Сала: „Мелина Меркури“ – Халкида. Гледачи 50. Судии: Сирица (Белорусија), Томашовиќ (Словачка), Уехендрик (Естонија).
Македонија: Србиновски 9 (1ск,2ас), Петровски 0, Робев 4 (3ск,1ас), ЦВЕТКОВСКИ 6 (1ск), Мемед, МАГДЕВСКИ 2 (2ск), Георгиев 3 (1ск), ЕФРЕМОВСКИ 8 (2ск,3ас), Зеќири 2 (1ск), Милков 10 (4ск), ШАЛЕВ 0, БАКОЧ 10 (10ск, 2ас);

Португалија: Са 8 (5ск,1ас), Пиреш, Амиел 3 (3ск,3ас), Невеш, Кардозо 5 (1ск,2ас), Мендеш 0, Монтеиро 17 (8ск,2ас), Ферао, Силва 3 (7ск,2ас), Араужо 3 (2ск,2ас), Лукаш, Брито 24 (7ск,6ас);

Поразот од Португалија ја смести Македонија на претпоследното место во групата А на младинското Европско првенство Б дивизија, и тоа значи дека по денешниот слободен ден, в петок, со почеток во 17.45 часот, „црвено-жолтите“ против Русија/Белорусија/Исланд почнуваат разигрување за 9-16 место.

Националниот тим на Македонија за играчи до 20 години не водеше во ниту еден момент од вчерашната средба со врсниците од Португалија, но ривалот не беше толку доминантен за да не може да биде совладан. Сепак, во клучните моменти во последната четвртина Португалците беа поснаодливи и посмирени и заслужено дојдоа до двата бода кои им носат нешто полесен ривал во разигрувањето за деветтата позиција во европската Б дивизија. Добрата вест е што повредата на Андреј Магдевски здобиена пред три дена, сепак, не била сериозна, и тој настапи иако ефектот му беше прескромен (ги утна сите осум шута од поле, имаше повеќе загубени топки од асистенции и скокови заедно, а додека тој беше на терен, Португалија беше подобра за 15 поени).

Во првата четвртина, македонскиот тим одигра очајно во нападот, безидејно, момците на селекторот Љупчо Малинков се мачеа да дојдат до отворена позиција за шут. Првите десет минути, Македонија ги заврши со само 6 поени од кои три беа среќна тројка од табла. Португалија поведе со 6-0, Македонија намали на 5-6, а потоа повторно противникот се разигра и направи серија од 8-0 за 14-5.

Двата тима правеа почетнички грешки, не ги користеа шансите кои им ги даваше ривалот, па така разликата се стабилизираше. Македонија со поени од линијата за слободни фрлања постепено ја намалуваше негативата, но од 15. до 18. минута, Португалците направија серија од 6-2 по која повторно побегнаа на двоцифрена разлика. По крајот на првото полувреме Португалија имаше плус од осум поени, иако не погоди ниедна тројка од шесте обиди. Затоа, пак, центарот Монтеиро доминираше во рекетот во 14 поени, и нашите имаа само 25 отсто реализација за два поена.

Слабата реализација продолжи и во првите минути од вториот квартал кога ниеден од тимовите две минути немаше дадено кош. Во 25. минута, Португалија имаше 38-27, но Македонија за три минути се врати со низа од десет поени по ред. Одбраната функционираше подобро и тоа се одрази и на состојбата на семафорот. Капитенот Магдевски одмори од 25. до 37. минута, и кога се врати на терен беше 52-55. Тука некаде беше и последната шанса за пресврт. Примивме три поени за 52-58, а на селекторот Малинков му беше досудена техничка лична што Португалците со казнија со уште два поена и потоа во пенал завршницата, рутински го приведоа мечот кон крај.

Во последната четвртина Португалците погодија неколку шутеви од далечина. Македонскиот тим даде 4 тројки од 20 обиди. Со таква лоша реализација на шутевите кои се нашето најсилно оружје, тешко беше да се добие еден ривал со приближно ист квалитет.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...