Еврокупот доаѓа во Аеродром

Раководството на МЗТ Скопје Аеродром донесе храбра одлука, а тоа е да ја прифати поканата за настап во Еврокупот. Ова е пријатно изненадување за македонските љубители на кошарката ако се знае дека само до пред два-три дена ниеден наш клуб се немаше пријавено во меѓународно натпреварување, освен настапот на МЗТ во АБА лигата. Во МЗТ не прифатија учество во квалификациите за Лигата на шампиони на ФИБА, натпреварување кое е со многу послаб квалитет од Еврокупот.

Еврокупот ги има најдобрите екипи во Европа кои не се евролигаши, и затоа се чинеше како преголем залак за македонските клубови. Сепак, во МЗТ добија понуда што не можеше да се одбие и решија да влетаат во оваа комбинација која се појави по откажувањето на четири италијански тима.

МЗТ Скопје е замена за Динамо Сасари и ќе игра во групата Ц заедно со Уникаха Малага (изминатата сезона ја заврши во четвртфиналето на плејофот, шести во лигашкиот дел), Баерн Минхен (полуфиналист во Германија), УЦА Мурсија (испадна во четвртфиналето на плејофот од Реал Мадрид, во регуларна сезона беа седми), Зенит Санкт Петербург (полуфиналист во ВТБ лигата) и Будуќност (полуфиналист во АБА лига каде беше најуспешен тим во регуларната сезона). Македонскиот првак ќе има улога на аутсајдер, но публиката ќе има шанса во Скопје да гледа еден куп ѕвезди на европската кошарка.

Нови членови на Еврокупот се и Лиеткабелис Паневежис од Литванија (игра на местото на Тренто), Волгоград од Русија (на местото на Канту) и Монтакит Фуенлабрада од Шпанија (на местото на Реџо Емилија).

Настапите во групна фаза во Еврокуп и АБА лига, значат дека МЗТ нема да биде дел од првата фаза во македонската прва лига, туку ќе се приклучи во суперлигата, а треба да се одлучи дали дополнително ќе биде повикан друг прволигаш или ќе има непарен број на клубови.

Друг проблем може да биде противењето на ФИБА кон клубовите кои играат во Еврокупот. Ако ФИБА побара од МКФ да го суспендира МЗТ, нашата федерација ќе биде принудена да донесе таков непопуларен чекор кон првакот, додека не се реши проблемот. Во МЗТ не веруваат дека ќе се проблематизира нивното играње во Еврпокупот, и дека до почетокот на натпреварувањето, ФИБА и Евролигата ќе ги надминат недоразбирањата и нема да им потреба од суспензии на клубовите кои ќе играат Еврокуп. Националните федерации имаат право по барање од ФИБА да им забранат на клубовите да играат во домашните лиги.

За МЗТ, играњето во Еврокупот на УЛЕБ не е ништо ново. Пред три сезони клубот играше (тогап плати вајлд-карта) кога клупскиот буџет беше најголем. Резултатски не минаа добро, само една победа во десет меча, но сега го имаат предвид и тоа искуство плус, па сигурно управата ќе се потруди да состави силен тим кој достојно ќе ја презентира Македонија.

За денеска е закажана прес-конференција на која клубот ќе ги открие плановите и амбициите за следната сезона, а веројатно ќе бидат промовирани и некои нови имиња во играчкиот кадар и тренерскиот тим.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Седат Буш и Пауел во кафич и прават муабет. Влегува човек во кафичот, ги гледа двајцава и не му се верува дека се таму. И приоѓа на маса и ги прашува:
- Абе, вие Буш и Пауел...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1533.- Роден е холандскиот државник Вилхелм I...
1731.- Умре англискиот писател Даниел Дефо, кој...
1815.- Роден е англискиот писател Ентони Тролоп...
1854.- Врховниот суд на САД донесе пресуда дека...