Напорен октомври за МЗТ, но било и „бетер“

Екипата на МЗТ Скопје во октомври, месецот во кој почнува официјалната сезона, ќе одигра 10 натпревари, што значи дека во просек тимот на тренерот Емил Рајковиќ ќе има средба на секои три дена. Овој напорен ритам не е ништо ново за МЗТ бидејќи во минатата сезона тимот во октомври одигра дури 11 меча. Разликата е што лани мечевите во октомври беа од АБА лигата и домашната лига, а сега сите ќе бидат против странски екипи и ќе има повеќе патувања.



Од десетте меча кои МЗТ ќе ги игра во октомври, по пет се на домашен терен и на гости. Гостувањата се во Белград, Загреб, Малага, Задар и Сремска Митровица. Од 1 до 10 октомври, ќе се играат четири кола во Јадранската лига. Врзаните гостувања, дуелите со Уникаха и Задар се во рок од три дена, па така веројатно „металците“ од Шпанија ќе треба директно да патуваат до Хрватска. Најмалку патувања во октомври МЗТ ќе има од 19 до 26, кога ќе игра три меча, но сите во „Јане Сандански“.

За ноември, МЗТ има закажано девет средби од кои пет се во Еврокупот, а четири во АБА лигата. Во декември, МЗТ ќе бидат далеку порастоварени, бидеји ќе играат само шест меча, четири во АБА и последните два од групната фаза во Еврокупот.

На стартот на минатата сезона македонскиот првак во октомври имаше дури осум настапи во АБА лигата, и уште три на домашна сцена. Сезонава МЗТ нема да игра во првата фаза од македонската прва лига, туку ќе се приклучи подоцна.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...