Бојан Трајковски исфрлен од репрезентацијата

Бојан Трајковски еден од клучните кошаркари во репрезентацијата на Македонија, е исфрлен од составот кој кон крајот на август и почетокот на септември ќе игра во квалификациите за Европското првенство.

Селекторот Драган Раца ја поврди информацијата за спортскиот портал „СпортМедиа’’, објаснувајќи ги причините поради кои Раца повеќе нема да смета на Трајковски кој пак изминатите неколку дена не бил присутен на тренинзите. 



 Немаше никаков проблем со Трајковски. Тој праша дали може да биде ослободен од саботните тренинзи бидејќи требало да биде кум на некоја свадба. Ние му дозволивме, но саботата помина, тој не се појави ниту во наредните два-три дена, и тоа е тоа. Веќе не сметам на него, дефинитивно, изјави селекторот Раца.

Трајковски во отсуство на ветеранот Перо Антиќ, како и Предраг Самарџиски кој „поради повреда“ го откажа настапот за репрезентацијата, требаше да биде еден од клучните играчи, пред се под обрачите во сотавот на Македонија.

Дали, можеби ќе дојде до „помирување„ за добро на националниот тим и Трајковски ќе биде вратен во тимот, останува да видиме во наредните денови, чекајќи официјален став од страна на канцаларирата на федерацијата.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Жена чека пред телефонска говорница да заврши човекот пред неа, меѓутоа поминуваат 10 минути, а тој не само што не отстапува, туку само седи со слушалката на уво и ништо не...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Во западните делови од државата, на повисоките места се бележат врнежи од снег, но...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на книгата и авторското...
1564.- Во Стратфорд е роден Вилијам Шекспир,...
1616.- Во Мадрид умре Мигуел де Сервантес,...
1792.- Создадена е француската химна "Марселеза"...