Американецот Темс е нов играч на МЗТ

Американецот Ксавиер Темс е најновото засилување за екипата на МЗТ Скопје Аеродром во летниот преоден рок, откако потпиша двегодишен договор со македонскиот кошаркарски шампион, пред кого е напорна сезона со настапи во Еврокупот, АБА-лигата и во двете домашни натпреварувања.

Станува збор за бек-шутер кој досега има само неколкумесечно европско искуство настапувајќи за шпанскиот прволигаш Севиља во втората половина од 2014 година.

Во меѓувреме, Темс играше за „лудите мравки“ од Форт Вејн во американската развојна НБДЛ-лига, а две години по ред беше дел од Бруклин нетс во Летната НБА-лига (2014 и 2015), екипа која ги откупи правата за него откако на драфтот пред две години беше избран како 59. пик од страна на Торонто репторс.

Новото засилување на МЗТ Скопје Аеродром е и делумно познато на кошаркарската јавност кај нас, со оглед на тоа што настапи за комбинираната репрезентација на Македонија на неодамнешната турнеја во Кина. Темс остави солиден впечаток во жолто-црвениот дрес, со оглед на тоа што беше меѓу најефикасните на поголем дел од средбите на македонската селекција на двата турнири кои ги одигра на Далечниот Исток.

Американецот е осмиот играч кој летово потпиша договор со актуелниот првак, по сонародниците Џеремаја Мејси и Џош Скот, Холанѓанецот Шарлон Клоф, Србите Урош Лучиќ и Ѓорѓе Дреновац, Хрватот Јуре Лалиќ како и македонскиот репрезентативец, Марко Симоновски.
Под договор со МЗТ Скопје Аеродром се уште и Љубомир Младеновски и Адем Мекиќ.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Седат Буш и Пауел во кафич и прават муабет. Влегува човек во кафичот, ги гледа двајцава и не му се верува дека се таму. И приоѓа на маса и ги прашува:
- Абе, вие Буш и Пауел...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1533.- Роден е холандскиот државник Вилхелм I...
1731.- Умре англискиот писател Даниел Дефо, кој...
1815.- Роден е англискиот писател Ентони Тролоп...
1854.- Врховниот суд на САД донесе пресуда дека...