МЗТ Скопје Аеродром договори две пријателски средби во Солун

Македонскиот кошаркарски шампион МЗТ Скопје Аеродром на почетокот на следниот месец, во рамки на подготовките за новата сезона, ќе одиграат две пријателски средби во Солун и тоа против екипи од грчката односно турската елита.

Според договорот на управите на клубовите, македонскиот првак првата средба ќе ја одигра на 5 септември против домашниот ПАОК (16 часот) додека вториот дуел на програмата е следниот ден (6 септември) против екипата на Газиантеп (12 часот). Мечевите ќе се одиграат во спортската арена во Солун во која своите домашни средби ги игра двократниот шампион на Грција.



Се очекува тоа да бидат силни проверки на моменталните можности на избраниците на тренерот Емил Рајковиќ со оглед на тоа што ПАОК со години е во самиот врв на грчката кошарка, а сезонава ќе биде дел од групната фаза на новоформираната Лига на шампиони на ФИБА Европа, додека Газиантеп минатата сезона беше меѓу осумте најдобри тима во силното турско првенство.

Десетина дена по овие средби, МЗТ Скопје Аеродром ќе настапи на уште еден силен меѓународен турнир и тоа меморијалот „Мирза Делибашиќ“ во Сараево (15 и 16 септември) на кој покрај организаторот Босна Ројал ќе учествуваат уште и Цедевита и Будуќност.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...