Раца: Имаме атмосфера, која никој нема да ја сруши

Кавадарци, 26 август 2016 (МИА) - Македонската кошаркарска репрезентација во средата ги заврши подготвителните натпревари, а играчите денеска имаат слободен ден. Селекторот Драган Раца, заедно со градоначалникот на Кавадарци Александар Панов одржаа прес конференција, во пресрет на квалификациите.

-Мене ми е мило што се игра во Кавадарци. Мојот помошник Врбица Стефанов е од овој град. Имаме атмосфера која никој не може да ја сруши. Жално е што јас како селектор ги разигрувам младите играчи. Секој натпревар е различен за секој ривал. Ги завршивме подготовките и изборот за пријателски беше мој. Јас сакав да играме против Црна Гора, БиХ, Словенија (силни репрезентации),... Некогаш подобро е да губиме сега на подготовките, но тоа не е вистинската слика.Задоволен сум од подготовките. До првиот натпревар треба да направиме и некои работи кои треба да се корегираат. Важно беше сите да играат. Со Словенија игравме и со 12 играчи. Вистинската слика ќе ја видите на овие шест натпревари. Цел ни е да одиме на Европско првенство, изјави селекторот Раца.

Македонската кошаркарска репрезентација по подолго време ќе игра надвор од Скопје, а во Кавадарци Македонија настапи пред давесетина години кога беше организатор и на претквалификациски турнир.

-Благодарност до МКФ за можноста Кавадарци да биде домаќин на овие квалификации. Направени се промени во спортската сала. Упатувам покана до сите за првиот натпревар да дојдат во Кавадарци и да ја бодрат Македонија, а со тоа репрезентацијата да го освои и првото место во групата, изјави градоначалникот на Кавадарци Александар Панов.

Македонската репрезентација утре ги продолжува подготовките, а првиот натпревар се игра на 31.август со Луксембург во спортската сала „Јасмин“ во Кавадарци. Другите дуели како домаќини ги играме на 7.септември против Унгарија, а на 14.септември против Велика Британија. Цена на влезница за еден натпревар е 100 денари, а „блок – влезници“ за трите дуели чинат 250 денари.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...